Струмичанката Кумјана Новакова во Сараево ќе го промовира филмот „Вознемирена Земја“

Сабота, 14 Август 2021

„Вознемирена Земја“ (Disturbed Earth), чија корежисерка е струмичанката Кумјана Новакова, е еден од трите филмови со кои се отвора документарната програма на годинашниот Сараевски филмски фестивал, а проекцијата на „Вознемирена Земја“ е и негова светска премиера. Тој се натпреварува во две категории, главната програма за документарни филмови и програмата за домашни филмови и е во конкуренција за наградите Срце на Сараево, Награда за човекови права и Специјална награда.

„Вознемирена земја“ е филм што ја истражува сегашноста во Сребреница преку три портрети на луѓе што се вратиле да живеат во своите домови и покрај сè. Но, филмскиот јазик е доста сензорен и се гради врз константниот дијалог помеѓу луѓето, просторот, природата, минатото, сегашноста, па дури и иднината. Тоа е аудиовизуелно сензорно патување во простор каде сегашностa е заробена од минатото, каде колективната болка е дел од пејзажот. Секоја година одевме во различни годишни времиња. Понекогаш воопшто не снимавме, сакавме само да бидеме со луѓето, со фамилиите што станаа дел од филмот. Нова година, Божиќ, Бајрам, но и годишници од геноцидот – проаѓавме заедно со нив низ сè “ – вели за www.umno.mk режисерката Кумјана Новакова.

„Вознемирена земја“ е копродукција на Шпанија, БиХ и Северна Македонија. Автори се Кумјана Новакова и Гилјермо Карерас-Канди, а снимен е во периодот од 2014 до 2020. Македонска премиера ќе има следната година.

Кумјана Новакова е кустос во Музејот на современата уметност во Скопје, но и основач на „Право Људски“ – филмскиот фестивал и едукативна платформа во Сараево.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...