Испечатете ја страната

Еко активистите од струмичкиот регион се здружуваат во советнички листи во општините за претстојните Локални избори

Петок, 27 Август 2021

Еко активистите на Здружението „Здрава котлина“ ќе се кандидараат во Советите на општините во струмичкиот регион за претстојните Локални избори закажани на 17 октомври. Поднесоа независни граѓански советнички листи во општините Струмица, Босилово и Ново Село.

Под слоганот „Стига е“, тие најавуваат фронт против рудникот на „Еуромакс“ и загадувачите на животната средина во струмичкиот регион. Ја очекуваат поддршката од граѓаните кои со минимум од 350 потписи во општина Струмица и по 150 потписи во општините Босилово и Ново Село, ќе можат да влезат во трката за членови на Советите на претстојните избори.

Тие ги повикуваат граѓаните да го дадат својот потпис во канцеларијата на Државната изборна комисија во Струмица, сместена во зградата на општина Струмица, во периодот од 08:00 до 21:00 часот, а најдоцна до понеделник, 30 август до 23:59 часот, до кога е последниот рок за собирање потписи.

„Ние веќе четири години се бориме со голем и подмолен противник кој длабоко навлезе во големите партии преку нивните високи функционери. Во таа борба полека се искаливме да резистираме притисоци, закани, уцени, но и да се бориме против проблемите на нашето општество, кое сепак не е едно за сите и недостатокот на правда не прави немирни. Ние сме со изострен слух и отворени очи за проблемите на граѓаните, но со отворен ум за ефектвни и одговорни решенија за тие проблеми. На тој начин ќе придонесеме и за обединување на граѓаните и промени во партиите. Црно белиот свет мора да се смени. Она што гарантирано можеме да го понудиме се објективни анализи на проблемите и конкретни чесни решенија за истите, но и блокада во советите за секакви заврзлами со рудникот на смртта Иловица-Штука. Затоа и го инициравме формирањето на независната граѓанска група СТИГА Е - Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина и нашите активисти се дел од нивните советничките листи за нашите општини. Навистина СТИГА Е“ – стои во апелот на „Здрава котлина“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...