Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници.
Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големите празници на Светата православна црква.
Жителите од струмичкиот регион уште од денеска попладне го посетуваат Манастирот „Пресвета Богородица Милостива“ во Вељуса, кој утре го слави својот патрон.
На 7 километри западно од Струмица се наоѓа селото Вељуса, каде на една бигорна карпа, монахот Мануил подигнал манастир во 1078 година и го посветил на Богородица. Манастирската црква до денешни дни ја зачувала својата оригинална архитектоника. Во времето на градењето на црквата, селото се викало Палеокастро, но подоцна според манастирот го добило денешното име – Вељуса (од Елеуса). Манастирот лично го посетил и византискиот император Алексиј I Комнен и бил восхитен од неговата убавина.
Бидејќи е посветен на Богородица, овој манастир бил ослободен од секакви давачки. Се што влегувало во манастирот, останувало тука, а манастирот поседувал обработлива земја, лозја, пасишта, шуми, ливади и бил еден од најбогатите и најзначајните манастири, не само кај нас, туку и пошироко. Денешниот изглед, околината на манастирската црква ја доби со доаѓањето на владиката Наум, кој има голема заслуга за основањето на монашкиот ред.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...