Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Вторник, 23 Ноември 2021

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје. Според првичните информации, во несреќата има и преживеани.

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево” нешто по 21:00 часот, а несреќата се случила околу 02:00 часот на автопатот „Струма” на правецот Софија – Благоевград.

Како што изјавил за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница. Автобусот е опожарен. Сообраќајот во двата правци на автопатот е во прекин.

Премиерот Зоран Заев изрази сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија, во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица.

Во изјава за БНТ, Заев рече дека за несреќата бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев, јави дописникот на МИА.

Заев кажа дека веднаш заминува за Бугарија, а таму се упатени и надлежни екипи од Северна Македонија.

„Не знаеме дали се македонски државјани, но претпоставуваме дека се Македонци. Ги известив македонските служби да ги подготват нашите екипи и да пристигнат на местото. Одам во Бугарија да ги посетам луѓето во болницата. Трагично е што меѓу жртвите има и деца. Ќе им бидеме многу благодарни на бугарските власти доколку ги откријат причините за инцидентот и ги споделат со Северна Македонија. Сигурно граѓаните на Бугарија и Северна Македонија ќе сакаат да знаат што се случило. Знаеме дека ова е голем пожар и дека поради него загинаа луѓе, но дали избувнал во сообраќајна несреќа или избувнал пред или поради несреќата, тоа ќе го кажат експертите. Голема трагедија, голема е нашата болка и сочувство до семејствата на загинатите. Господ да им ги упокои душите и да се молиме за добро здравје на преживеаните. Првичните информации се дека се враќале од патување од Истанбул“, изјави Заев.

Неможе да се пријавите самите

  • Извор:

    Преземено од МИА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...