Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов најави дека Општина Струмица ќе аплицира за титулата „Европски главен град на младите во 2025 година“, што ја доделува Европскиот младински форум. На денешната прес конференција тој информираше дека се работи на повеќе проекти од повеќе области и за сите целни групи, но посебно место во неговата визија за Струмица имаат младите, затоа што, како што кажа Костадинов, тие се иднината на нашата општина.
„Заедно со нив ја посакуваме титулата Европски главен град на младите, што ја доделува Европскиот младински форум. Oпштина Струмица, заедно со микрорегионот, ставајќи ги на располагање сите расположливи капацитети и со поддршка на граѓанскиот сектор и државните ресурси, ќе аплицира на повикот да се стекне со оваа престижна титула во 2025 година. Ова е одлична можност во период од една година Струмица да го презентира културниот, општествениот, политичкиот и економскиот живот на младите. Преку оваа инцијатива општина Струмица има намера дополнително да ги поттикне младите луѓе да станат проактивни иницијатори на позитивни промени, внесувајќи иновативни идеи и да биде вистински град – пријател на младите луѓе. Ваква иницијатива за прв пат презема општина или регион од Република Северна Македонија и со ова докажуваме дека Струмица е секогаш прва, секогаш прогресивна и максимално ќе се вложиме за да ја ставиме Струмица на европската мапа на престолнина за младите луѓе“, кажа Костадинов.
Тој го најави и реализирањето на тригодишниот проект „Strumica – Smart velo city” финансиран од Европската Унија кој содржи иновативно и ефективно решение за проблемите на урбаната мобилност со поттикнување на употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичeн начин на урбана мобилност.
„Проектот создава велосипедска инфраструктура во Струмица и системски го воведува велосипедот како безбедно превозно средство на улиците низ градот. Содржи многу активности за изградба и обележување на градски велосипедски патеки како надоградба на постојната сообраќајна инфраструктура во должина од 10,6 километри, набавка на опрема за нивно одржување, развој на портфолио на дигитални услуги, кампања за поттикнување на користењето на велосипеди и за промена на сообраќајната култура и други активности чија што цел е создавање на одржлив и паметен вело град. Вкупната вредност на проектот е околу 750.000 евра и ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година“, кажа Костадинов.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...