Испечатете ја страната

Општина Струмица ќе аплицира за „Европски главен град на младите“, почнува реализацијата на проектот „Strumica – Smart velo city” – најави градоначалникот Костадинов

Четврток, 13 Јануари 2022

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов најави дека Општина Струмица ќе аплицира за титулата „Европски главен град на младите во 2025 година“, што ја доделува Европскиот младински форум. На денешната прес конференција тој информираше дека се работи на повеќе проекти од повеќе области и за сите целни групи, но посебно место во неговата визија за Струмица имаат младите, затоа што, како што кажа Костадинов, тие се иднината на нашата општина.

„Заедно со нив ја посакуваме титулата Европски главен град на младите, што ја доделува  Европскиот младински форум. Oпштина Струмица, заедно со микрорегионот, ставајќи ги на располагање сите расположливи капацитети и со поддршка на граѓанскиот сектор и државните ресурси, ќе аплицира на повикот да се стекне со оваа престижна титула во 2025 година. Ова е одлична можност во период од една година Струмица да го презентира културниот, општествениот, политичкиот и економскиот живот на младите. Преку оваа инцијатива општина Струмица има намера дополнително да ги поттикне младите луѓе да станат проактивни иницијатори на позитивни промени, внесувајќи иновативни идеи и да биде вистински град – пријател на младите луѓе. Ваква иницијатива за прв пат презема општина или регион од Република Северна Македонија и со ова докажуваме дека Струмица е секогаш прва, секогаш прогресивна и максимално ќе се вложиме за да ја ставиме Струмица на европската мапа на престолнина за младите луѓе“, кажа Костадинов.

Тој го најави и реализирањето на тригодишниот проект „Strumica – Smart velo city” финансиран од Европската Унија кој содржи иновативно и ефективно решение за проблемите на урбаната мобилност со поттикнување на употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичeн начин на урбана мобилност.

„Проектот создава велосипедска инфраструктура во Струмица и системски го воведува велосипедот како безбедно превозно средство на улиците низ градот. Содржи многу активности за изградба и обележување на градски велосипедски патеки како надоградба на постојната сообраќајна инфраструктура во должина од 10,6 километри, набавка на опрема за нивно одржување, развој на портфолио на дигитални услуги, кампања за поттикнување на користењето на велосипеди и за промена на сообраќајната култура и други активности чија што цел е создавање на одржлив и паметен вело град. Вкупната вредност на проектот е околу 750.000 евра и ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година“, кажа Костадинов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одбележан 66-от роденден на загинатиот претседател Борис Трајковски

Одбележан 66-от роденден на загинатиот претседател Борис Тра…

Јун 25, 2022 Вести

Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...

Приведен 60-годишен струмичанец, кај него била пронајдена марихуана

Приведен 60-годишен струмичанец, кај него била пронајдена ма…

Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...

Утре прекин на електричната енергија во Баница

Утре прекин на електричната енергија во Баница

Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 24-ти Јуни) во периодот од 09:00 до 13:00 ќасот ќе има прекин на електричната енергија ...

Се степале две малолетнички, се приклучил и таткото на едната кој ја нападнал другата малолетничка

Се степале две малолетнички, се приклучил и таткото на еднат…

Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека на 21.06.2022 година околу 22:30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19:20 ча...

Претседателот Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни студенти меѓу кои и на струмичанката Ана Тодорова

Претседателот Пендаровски го врачи признанието „Инженерски п…

Јун 23, 2022 Вести

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на Манифестацијата „Инженерски прстен“ им го додели признанието на 12 најуспе...

Одбележување: 21 година од загинувањето на македонскиот бранител Атанас Јанев

Одбележување: 21 година од загинувањето на македонскиот бран…

Јун 23, 2022 Вести

Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од за...

Повреден мотоциклист во сообраќајна незгода со автомобил

Повреден мотоциклист во сообраќајна незгода со автомобил

Јун 23, 2022 Вести

Вчера околу 10:30 часот на локалниот пат од село Нова Маала кон село Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски...

Жените припаднички на турската националност во Василево се информираа за специјализираните советувалишни услуги

Жените припаднички на турската националност во Василево се и…

Јун 22, 2022 Вести

Жените припаднички на турската националност во Василево се информираа за специјализираните советувалишни услуги и можностите како жртвите на родово за...