Католиците денеска го слават Велигден – бискупот Киро Стојанов упати порака до верниците

Недела, 17 Април 2022

По повод празникот Воксресение Христово, Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов, синоќа служеше воскресна света Литургија во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Со бискупот Стојанов сослужуваа катедралниот парох дон Паво Шекерија, бискупскиот канцелар отец Марјан Ристов, деканот о. д-р Зоран И Стојанов и фра Марио Цифрак.

Велигденското бдение започна со благослов на огнот пред катедралата и внесување на воскресната свеќата во катедралата.

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, монс. Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение - Велигден упати порака до верниците од католичка вероисповед.

Драги браќа и сестри!

Со одлука на папата Фрањо, минатата година на празникот Свети Јосиф, на 19 март 2021 година, започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни оваа година. Папата сака да нѐ поттикне дека во нашата пасторална посветеност секогаш го ставаме семејството во центарот на вниманието на Црквата и на општеството. Секое семејство треба да го почувствува живото присуство на Светото семејство од Назарет во својот дом, исполнувајќи ги секојдневните обврски и чувајќи ја семејната заедница со искрена и дарежлива љубов, секое семејство да биде извор на радост и покрај искушенијата и тешкотиите на кои наидува.

Во оваа време не можеме, а да не се осврнеме на страдањето и болката на народот на Украина. Браќа и сестри, вашето големо страдание, кое сега го поднесувате, наоѓа ехо во нашите срца. Сочувствуваме со сите луѓе кои страдаат, молејќи го Бога да им испрати утеха на ужалените, да им помогне на страдалниците да се издигнат од пепелта, да им даде вечен мир на починатите, додека на моќните и на иницијаторите на конфликтот да им го испрати својот Дух да го напуштат злото и да тргнат по патот на мирот и правдата. И во ова зло повторно се погодени семејствата кои плаќаат висока цена. Нека воскреснатиот Христос го избрка нивниот страв и нека ги зацврсти во верата дека Тој е единствениот вистински Пат, Вистина и Живот.

Секако, погледот да го насочиме кон нашите семејства овде во нашата татковина. Семејството е сржта на општеството и Црквата. Ако семејството во основата е здраво, тогаш ќе ни биде здраво и општеството и политиката, и Црквата и свештениците. Нека Бог им даде сила на сите семејства, особено на сопружниците, да го разберат автентичното значење на нивната заедница и љубов, сликата на љубовта меѓу Христос и неговата Црква.

Како христијани, да не се плашиме да го ставиме својот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Христовиот Крст кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир. Воскреснатиот Господ е постојано присутен во својата Црква. Тој е со нас до крајот на светот. На сите им посакувам среќен Велигден!

Христос воскресе! Алилуја!

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...