За пет месеци, 48 луѓе добиле над 180 бесплатни услуги во специјализираното советувалиште на „Скај плус“ во Струмица

Петок, 06 Мај 2022

Од денеска преку локална кампања ќе се подига свеста на граѓаните во Струмица и во Југоисточниот регион за бесплатните советувалишни услуги за жени жртви на семејно и родово засновано насилство што ги нуди првиот специјализиран сервис „Скај Плус“ во Струмица.

Кампањата ја спроведува здружението на граѓани „Скај Плус“ во рамки на проектот „Обезбедување бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка за најмалку 200 жени припаднички на малцинствата и ранливите групи“, кој го спроведуваат ХЕРА – Асоцијација за здравствено образование едукација и истражување и УН ВОМЕН Скопје додека, пак, финансиите се обезбедни од страна на Европската Унија.

По повод почетокот на кампањата, советувалиштето го посетија министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, Ирена Спирковска Лукровска, програмски аналитичар во УН ВОМЕН и Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА.

„Со отворањето на советувалиштето во Струмица ги опфаќаме сите плански региони на државата, тие се блиски до граѓаните, односно до жените жртви на семејно насилство и нивните деца. Со тоа ја потврдуваме заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика, и по ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита врз жените и семејното насилство дека ќе отвораме на годишно ниво по пет вакви сервиси, потребни за жртвите на насилство, но ќе отвораме и сервиси кои ќе работат со сторителите на семејно насилство, затоа што семејното насилство е комплексен проблем“ – кажа министерката Тренчевска.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, истакна дека согласно анализите и статистиките работени од страна на невладиниот сектор кој работи во областа на семејното насилство не само во Струмица туку и регионот, во последните 4 години покажуваат насушна потреба од отворање на Советувалиште за жени и деца, жртви на семејно насилство во Струмица.

„Општина Струмица којашто се повеќе го достигнува својот врв кога станува збор за борбата против родово базирано насилство имаше слух за оваа потреба и го поддржа отворањето на Советувалиштето, како што и го поддржува Шелтер центарот за жени жртви на семејно насилство. Наместо семејства со насилство, посакувам семејства со разбирање, компромиси, почитување, особено во семејства во коишто има деца, тие треба да растат во здрава, стабилна и среќна семејна заедница“ - кажа Костадинов.

Од отворањето на Советувалиштето во декември, 48 жени кои доживеале насилство бесплатно добиле над 180 услуги за психо-социјална поддршка и правна помош. Меѓу нив има и лица од руралните средини, лица со попреченост и припадници на етничките малцинства, што потврдува дека колку се услугите попристапни, толку поохрабрени стануваат жртвите на насилство да побараат поддршка. Воедно, дава позитивен пример за успешна соработка на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор во справувањето со насилството, особено што општината обезбедува посебен простор за функционирање на Советувалиштето.

Во изминатите две години, ХЕРА спроведе серија специјализирани обуки за третман и постапување со жртви на семејно и родово засновано насилство, и ѝ нуди постојана менторската поддршка на партнерската организација „Скај Плус“, која раководи со советувалиштето, меѓудругото и заради стекнување специјализирана лиценца од Министерството за труд и социјална политика. Со добивањето на лиценцата, советувалиштето ќе прерасне во регионален професионален сервис преку кој ќе се обезбедуваат психо-социјални услуги не само за жени жртви  на насилство, туку и за нивните деца и за членовите на нивните семејства.

Дополнително, во соработка со општината Струмица се планираат активности за обезбедување на финансиска поддршка на овие услуги по завршувањето на проектот. За таа цел, во тек е изготвување Локален акциски план со буџети како за превенција на насилството, така и за обезбедување на директни услуги за родово засновано и семејно насилство на регионот. За времетраењето на проектот, советувалиштните услуги се обезбедуваат со средства од донаторот, а до крајот на годината и во текот на следната, финансиите ќе бидат обезбедени од страна на општината, со што ќе се гарантира нивната одржливост во иднина.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...