Промовирана сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“ од Ване Костуранов и Ана Торма

Сабота, 07 Мај 2022

Новата сликовница на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов од Струмица, со текст на српската авторка Ана Торма – „Рекичето што сакаше да порасне“ беше промовирана вчера за време на Саемот на книгата во Скопје. За пловноста на приказната на македонски јазик придонесе Бисера Бендевска. Заедно со уредничката и промоторка на книгата, Оливера Ќорвезироска, таа пред присутните на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ го раскажа процесот на создавање и превод на книгата, што во првична верзија била напишана на српски јазик. Сепак, првото издание е на македонски јазик и е објава на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Ќорвезироска и Бендевска истакнаа дека „Рекичето што сакаше да порасне“ е нежна лирска алегорија за дете кое е нестрпливо да порасне. Во својот прв книжевен текст Ана Торма прави симпатична, симболична „замена“ на дете со рекиче и на мајка со река. Така, малите читатели полесно ќе се идентификуваат со приказната и ќе станат свесни дека сè во светот (и животните и растенијата...) е еден вид одраз на луѓето, поточно на растењето, на созревањето и на заминувањето на луѓето, како животен циклус.

„Малкуте одбрани зборови на Торма, многуте препознатливи илустрации на Костуранов и необичниот формат на сликовницата што со своето вертикално отворање оддолу нагоре (наместо вообичаеното хоризонтално оддесно налево) и самата потсетува на река, создаваат една топла приказна што потекува низ детскиот свет првин тивко како поточе, потоа сè пожуборливо како планинска река, првин како нежно синило, потоа како богат колорит. Стравот, неизвесноста, но и радоста од растењето на рекичето-дете се предадени со богата емоционална палета на зборови и бои“, подвлече уредничката.

Рекичето на Торма и на Костуранов не е рекичка, како што вообичаено ги викаме малите реки. Таа е рекиче и со оваа зборовна финеса, со нетипичниот деминутив, се остварува дополнителна милост. Се онеобичува необичното, се намалува малото, се разнежнува нежното,.. но и се подвлекува индивидуалноста како битен патоказ во развојот на децата.

Ова е петта книга за деца од Костуранов, во издание на „Арс Ламина“, по „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Мирко Немирко“, со текст на Ана Ѓокиќ (2021).

На промоцијата на новата книга Костуранов кажа дека покрај тоа што на децата преку книгите треба да им се пренесе порака, важно е делата да им пренесат и сенс за култура и уметност.

„Убавината на оваа книга е тоа што таа е повеќеслојна и има неколку важни пораки – дека сè е менливо и во постојано движење, па дури и кога тоа не е видливо, растењето на секое живо суштество и животниот циклус од раѓање – до смрт, надминувањето на нашите најголеми стравови со поддршката од нашите најблиски, како и едукативниот момент со водниот циклус во природата... При работата на сликовницата беше тешко да се замисли и да се претстави реката како главен лик во приказната, затоа што реката е во постојано движење и постојано се трансформира. Важно беше да се долови севкупното чувство што се провлекува во книгата, дека, освен водата, која постојано ги менува облиците, всушност сè што е живо е во постојан процес на менување. Најчесто, текстовите што се голем предизвик за илустрирање се и дополнително инспиративни, бараат поголема посветеност, но нудат поголема уметничка слобода и креативност“ – кажа Костуранов.

Објасни и дека најтешкиот дел од работата на кој било илустратор и уметник е да успее да изгради препознатлив уметнички израз, да остане автентичен на неговата работа, а притоа да не се повторува...

„Знам, звучи парадоксално, но секоја нова книга и секој нов проект на кој работам е нова креативна битка со себеси. Илустрациите за оваа сликовница се цртани на хартија и би рекол дека се најблиску до моето сликарство, а повеќето од нив би функционирале и посебно како слики“ додаде Костуранов.

Ова е прво вакво авторско искуство на Ана Торма, која потекнува од Србија, а живее во Шпанија и се занимава со застапување автори на интернационалниот книжевен пазар. Иако не беше присутна на промоцијата, Торма им се обрати на читателите преку онлајн-допис.

„Го знаете чувството кога се грижите за нешто што уште не се ни случило? „Рекичето што сакаше да порасне“ е приказна за препреките што изгледаат невозможни и за нивното совладување. Една рекиче, кое уште не станало река, оваа пролет по првпат ќе потече потполно само. За среќа, околу него има заедница која е негова постојана поддршка... Во текот на пандемијата на социјалните мрежи видов фотографија и краток текст на еден мој пријател, кој зборуваше за реката од неговиот крај, неговото доживување и трансформацијата на реката низ годините. Тој се менувал низ годините, но и реката... или можеби не? Голема љубителка сум на реки. Пораснав на Дунав и сето тоа заедно направи да се замислам и со тоа тргна приказната“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

View the embedded image gallery online at:
https://www.strumicanet.com/index.php/vesti/11753-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD#sigProGalleriaa29fbba338

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...