Во пресрет на Денот на музеите отворена Ретроспективно–монографската изложба „50 години творештво“ на Ниче Василев

Вторник, 17 Мај 2022

Во пресрет на меѓународниот Ден на музеите – 18 Мај, а по повод 70 години од основањето на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица од вечерва ова установа ги почна чествувањата по повод големиот јубилеј.

За меѓународниот Ден на музеите и за значењето на овие установи говореше директорот на струмичкиот „Завод и Музеј“, Ване Секулов кој ги најави и настаните кои во наредните три дена ги организира ова установа.

Вечерва во галеријата на „Завод и Музеј“ Струмица беше промовирана Ретроспективно–монографската изложба „50 години творештво“ на струмичкиот ликовен уметник, Ниче Василев.

Монографијата за 5-децениското творештво на Ниче Василев ја промовираше историчарот на уметноста, Марјан Минов кој истакна дека сликарство на Ниче главно се движи во сферата на предметното, со негово постепено редуцирање и астрахирање.

„Ниче Василев приоритет му дава на портретот и актот, особено фасцинирајќи се од женската фигура. Машките фигури, иако не отсуствуваат во неговите дела, сепак тие се многу ретки. Самата човечка фигура кај Ниче, насликана со чисти бои и со едноставни и навидум груби потези, секогаш е поставена во посебен соодветен амбиент на нејзината психолошка состојба. На тој начин давајќи и на самата слика посебен метафизички квалитет“ – кажа Минов.

На изложбата „50 години творештво“ на Ниче Василев во галеријата на струмичкиот музеј поставени се 38 дела работени во различни техники (масла, цртежи, пастели), а љубителите на ликовната уметност и оние кои го следат творештвото на Ниче, вечерва имаа можност да ја купат и монографијата издадена по повод неговиот јубилеј.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Активностите по повод јубилејот на „Завод и Музеј“ Струмица продолжуваат утре во 19:30 часот, каде на истиот простор, д-р Митко Б. Панов ќе одржи предавање и промоција на книгата „Ослепената држава“ – Историографски дебати за Самуил, Комитопулот и неговата држава (10-11 век).

Во четврток, во 16:00 часот, во малиот Градски парк во Струмица, историчарот, академик Драги Георгиев и поетот Никола Маџиров ќе ја промовираат монографијата „Струмица и струмичко низ просторот на времето“. Истиот ден во 20:00 часот во галеријата на НУ „Завод и Музеј“ ќе биде прикажан документарниот филм „Сонцето на Цареви кули“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...