Министерката за одбрана Петровска во Струмица ги посети студентите кои се на теренска настава со армиските специјалци

Среда, 18 Мај 2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Струмица ги посети студентите од Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа – ФОН, кои во периодот од 16 до 20 мај во рамките на својата наставна програма реализираат теренска настава по предметот Топографија и тактика во природни услови со обучувачи од Баталјонот за специјални сили на Армијата.

Обраќајќи им се на присутните студенти, претставници од Факултетот и припадниците на Армијата, министерката Петровска истакна дека соработката со научно-образовните институции е од особено значење за развој на одбраната.

„Ми причинува задоволство што како резултат на Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Универзитетот ФОН и нашето Министерство за одбрана со спроведува оваа теренска настава и имате можност уште подобро да се запознаете со оваа област. Она што го учите од книгите е основата на она со што понатаму ќе се соочувате, но овие знаења што ќе ги добиете од нашите припадници ќе ви бидат од многу голема корист“ - кажа министерката Петровска.

Како што соопшти МО, за време на реализација на наставата студентите извеле показна вежба извлекување повредени лица при елементарна непогода на непристапен терен, а се обучувале во повеќе тематски единици, меѓу кои ориентација во простор преку користење на природни знаци, пребарување и спасување, логорување, правилно ракување со лично вооружување, читање на траги и друго.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...