Во струмичкиот Музеј промовирана книгата „Ослепената држава” од Митко Панов

Четврток, 19 Мај 2022

По повод 18-ти Мај меѓународниот Ден на музеите, во галеријата на НУ „Завод и Музеј“ во Струмица беше промовирана книгата: „Ослепената држава” - Историографски дебати за Самуил Комитопулот и неговата држава (10-11) век од проф. д-р Митко Б. Панов, а се одржа и предавање на ова тема.

Предавањето беше отворено од страна на директорот на НУ „Завод и Музеј“ Струмица, Ване Секулов кој ги поздрави присутните гости и на вработените им го честиташе меѓународниот Ден на музеите.

За книгата „Ослепената држава“ со кратка биографија и работни достигнувања на авторот, говореше Васил Ѓоргиев – Ликин.

Митко Б. Панов е редовен професор во Институт за национална историја – Скопје. Неговите истражувања и предавања опфаќаат Историја на Византија, Историја на средновековна Македонија и на Балканот, Историографија на Балканот, средновековна и модерна. Моментално истражувачкиот фокус ја вклучува византиската историографија и етнографската и концептуална претстава за Македонија и Балканот. Заземал повеќе наставни позиции - професор на втор и трет циклус на студии во Институтот за национална историја, Скопје, професор на втор циклус на студии на Универзитетот „Евро-Балкан“, Скопје, професор на втор циклус студии на Правниот Факултет „Јустинијан први“ - „Св. Кирил и Методиј“, како и на додипломските студии на Факултетот за образовни науки, „Гоце Делчев“, Штип. Бил визитинг професор на покана на Универзитетот во Глазгов (2008) и Универзитетот во Флорида (2015). Раководител е на студиските групи на втор циклус на студии при Институтот за национална историја. Во два мандати бил член на Советот на Институтот за национална историја (2006-2016). Во периодот 2013-2015 бил в.д. ректор на Универзитетот Евро-Балкан, Скопје. Oд 2016-2020 бил член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Претседател е на Здружението на историчарите на Република Македонија, Скопје (2021- ). Добитник на највисоката годишна награда на градот Струмица - „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во 2008 година.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...