Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изложба се одржува во рамките на меѓународниот Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантицизмот“ и ја сочинуваат слики поттикнати од творештвото и писмата на Плат - клучна американска поетеса на дваесеттиот век.
Делата на Кристина Зимбакова кои ќе бидат изложени се создадени во последниве години, во комбинирана техника на платно и на хартија од габи рачно изработена од авторката.
Куратор на поставката и организатор на настанот е проф. Емили Вандајн од САД, која е Фулбрајт гостувачки професор на Универзитетот „Аристотел“.
Во творештвото на Кристина Зимбакова се испреплетени сликарството, поезијата и природните науки. Делата се симболични и фигуративни, а габите и лишаите се најкарактеристичен медиум.
Зимбакова изложувала во Македонија, Европа и САД, а нејзини самостојните изложби биле поставени во Галерија „Расклон“, планина Родопи, Бугарија (2020), врв Сечена Скала (1740 м.н.в.), планина Беласица (2019), Универзитет „Алстер“, Белфаст, Северна Ирска (2017) и на Научен собир на Европскиот совет за зачувување на габите во Охрид (2017).
Инаку Кристина Зимбакова е дел и од групната изложба „Spazio Tana“ во Венеција, Италија, што е отворена од 1 до 31 мај. Таа учествува со делото Коловрт - Габи, лишаи, сув пастел и акрил на рачно изработена хартија од габи. Hymenochaete rubiginosa, Stecherinum fimbriatum, Junghuhnia nitida, Astraeus macedonicus, Peniophora incarnata, Terana caerulea, Trametes cinnabarina и 5 неодредени вида - 37x34 cm. (2021).
.
.
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 24-ти Јуни) во периодот од 09:00 до 13:00 ќасот ќе има прекин на електричната енергија ...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека на 21.06.2022 година околу 22:30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19:20 ча...
Јун 23, 2022 Вести
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на Манифестацијата „Инженерски прстен“ им го додели признанието на 12 најуспе...
Јун 23, 2022 Вести
Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од за...
Јун 23, 2022 Вести
Вчера околу 10:30 часот на локалниот пат од село Нова Маала кон село Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски...
Јун 22, 2022 Вести
Жените припаднички на турската националност во Василево се информираа за специјализираните советувалишни услуги и можностите како жртвите на родово за...