Промовирана нова публикација „Струмица и струмичко низ просторот и времето“

Четврток, 19 Мај 2022

Под јаворите во малиот градски парк, каде се создавале многу приказни стотици години назад, се промовираше нова публикација за едно патување низ минатото, историјата и културното наследство на Струмица и струмичко.

Станува збор за Монографија насловена „Струмица и струмичко низ просторот и времето“ во издание на НУ „Завод и Музеј“ од Струмица, а финансиски поддржана од Министерството за култура и Општина Струмица. Прекрасно дизајнирана книга од 176 страници, која може да биде и туристички водич за оние кои ја посетуваат Струмица, поделена во 15 посебни целини подредени според хронолошки тематски концепт.

Патувањето во оваа публикација авторите го започнуваат со праисторијата и продолжуваат со презентирање на културно-историското наследство, а завршува со делот насловен „Модерна Струмица и струмичко“, каде се претставени сите културно-уметнички институции и манифестации кои денеска ја прават Струмица еден од најинтересните македонски градови претпознатлив во светот.

„Историјата, културно-историското наследство и културниот живот се трите главни сегменти кои ја креирале физиономијата на Струмица и Струмичко низ просторот и времето, а ние сегашните генерации, додаваме свои белези во тој пребогат мозаик. Тоа значи дека оваа монографија претставува убава и цврста платформа, врз која некои идни наши поколенија ќе имаат можност да ја надоградуваат сликата за „домот“ во кој живееме“ – кажа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадиновски обраќајки им се на присутните на промоцијата.

Промоторот, академик Драги Ѓоргиев ова Монографија ја нарече културно-историска студија за минатото и сегашноста на еден од најубавите и најзначајни македонски градови.

„Социјалните историчари сметаат дека е помалку важно пишувањето на историјата на еден помал град. Но ова книга го потенцира фактот дека социјалната историја на било која урбана средина го разбира секој град, макар да е тој и помал како процес. Ако градот најчесто го разбираме и вреднуваме како творба и слика што се создава низ времето како израз на колективна меморија, тогаш еден од најважните квалитети на ова книга е тоа што таа не дозволува градот да биде заборавен и да се изгубат сеќавањата на него. Ова книга опоменува и дава до знаење дека секогаш треба и мора да има простор за апсорбирање на новата меморија во институционалното и индивидуалното градско паметење“ – кажа академик Драги Ѓоргиев.

Ова публикација на струмичкиот Музеј претставува надополнето и проширено издание на книгата „Струмица: културно-историско наследство“, издадена во 2005 година.

На промоцијата на отворено, покрај многуте гости присуствуваа и Викарниот Епископ Јаков Стобиски од Струмичката Епархија и поранешниот премиер и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, а промоцијата беше збогатена со настапот на Ансамблот „Распеани Струмичани“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...