Кога ќе се спуштите од кај „собранието“ низ струмичкото корзо ќе видите слатки бебиња на фотографии. Ова е изложба на фотографии со бебиња што ги направи авторката Драгица Атанасова од Струмица, која сега живее во Швајцарија.
Изложбата ја постави Здружението „Кадро“ од Струмица со поддршка на општината Струмица, а фокусот на Атанасова се новороденчиња преку кои таа раскажува кратки бајки, полни со светлина. Најчесто ги аранжира своите фотографии, правејќи сцени кои навидум се извадени од детски соништа, претворајќи ги во приказни за големи.
Драгица Атанасова е родена 1980-та година во Струмица. Во 2007-та дипломирала примената лингвистика (англиски и германски јазик) на Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија. Работела како наставник во Македонија до 2010 година, по што заминува за Швајцарија.
Посериозно започнува да се занимава со фотографија во 2015-та година, најпрвин само како вљубеник во фотографијата за подоцна да го претвори тоа во нејзина успешна професија.
Драгица Атанасова работи претежно студиска фотографија во која основна тема и се децата. Вработена е како фотограф во една од најголемите женски клиники во Цирих, Швајцарија, но работи и во своето фотографско студио „BABYBELLA“.
Изложбата на Драгица Атанасова на струмичкото корзо ќе биде поставена во наредните 15 дена.
.
.
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 24-ти Јуни) во периодот од 09:00 до 13:00 ќасот ќе има прекин на електричната енергија ...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека на 21.06.2022 година околу 22:30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19:20 ча...
Јун 23, 2022 Вести
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на Манифестацијата „Инженерски прстен“ им го додели признанието на 12 најуспе...
Јун 23, 2022 Вести
Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од за...
Јун 23, 2022 Вести
Вчера околу 10:30 часот на локалниот пат од село Нова Маала кон село Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски...
Јун 22, 2022 Вести
Жените припаднички на турската националност во Василево се информираа за специјализираните советувалишни услуги и можностите како жртвите на родово за...