СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, казниво по член 188 од Кривичниот законик.
Како што информираат од СВР Струмица, пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.
На 20.05.2022 година, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 година бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор, стои во соопштението на СВР Струмица.
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадиновски на Фејсбук објави дека е разрешен директорот на училиштето.
.
.
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 24-ти Јуни) во периодот од 09:00 до 13:00 ќасот ќе има прекин на електричната енергија ...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека на 21.06.2022 година околу 22:30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19:20 ча...
Јун 23, 2022 Вести
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на Манифестацијата „Инженерски прстен“ им го додели признанието на 12 најуспе...
Јун 23, 2022 Вести
Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од за...
Јун 23, 2022 Вести
Вчера околу 10:30 часот на локалниот пат од село Нова Маала кон село Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски...
Јун 22, 2022 Вести
Жените припаднички на турската националност во Василево се информираа за специјализираните советувалишни услуги и можностите како жртвите на родово за...