Почнаа средбите под јаворите – Видое Подгорец, домаќини Струмица и Колешино

Вторник, 07 Јуни 2022

Во Струмица и Колешино и годинава се одржуваат „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, годинава по 21 пат. Денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена оваа литературна манифестација каде беа доделени признанијата Библиотекар на годината – „Павлина Цунева Маказлиева“.

Во категоријата јавни библиотеки, за библиотекар на годината  е избрана м-р Елмедина Абдулахи, виш библиотекар, раководител на Библиотеката „Макс Ван Дер Штул“ ЈИЕУ, Тетово, а во категоријата училишни библиотеки е избрана Маргарита Филиповска, училиштен библиотекар во ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје.

Се одржа и советување на тема: „Библиотеката - темел на писменоста“ на која говореа, проф. д-р Виолета Мартиновска, м-р Жаклина Ѓалевска и Елизабета Трпческа Петрушевска.

Пред отворањето, во струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ се одржа Книжевна работилница со поетесата Сузана Мицева, на која третооделенците од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со своите наставнички Анета и Елена се запознаа со богатото творештво на Видое Подгорец.

Во рамките на Манифестацијата се оргнизираат поетски конкурси за деца, конкурси за наставници, се одржува научен симпозиум, литературни читања, креативни работилници и многу други настани. Утре настаните продолжуваат во Колешино, родното село на Подгорец, каде во училиштето ќе се доделат наградите на најуспешните ученици и наставници од литературните конкурси.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...