Градоначалникот Костадинов на бизнис форум во Тревизо, Италија

Петок, 10 Јуни 2022

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски, престојуваат во работна посета на Италија.

На промоцијата на Првата италијанско – македонска стопанска комора АПИ НОРДЕСТ во Тревизо, на којашто учествуваа бизнисмени и претставници на локалната и централната власт на Италија и Северна Македонија, градоначалникот Костадинов ја промовираше Струмица со сите нејзини потенцијали и можности, особено квалитетното земјоделско производство од струмичкото поднебје, а главниот акцент го стави на поволностите кои што ги нуди oпштината за инвеститорите и локалниот економски развој.

За посебниот влог во официјалното стартување на комората, градоначалникот Костадинов доби признание од претседателот на АПИ НОРДЕСТ, Мумир Шемши.

„Со посебна гордост ја промовирав нашата Струмица во Тревизо, Италија, Зборував за нејзините успешни практики, потенцијали и можности коишто ја прават најсилна општина во нашата држава. Се гордеам со нашата Струмица, со нејзиниот огромен потенцијал и моите вредни граѓани, каде и да одам има што да кажам и покажам“ - рече градоначалникот Костадинов.

Освен учеството во бизнис форумот, градоначалникот Костадинов оствари и билатерална средба со градоначалникот на Тревизо, Марио Конте, на којашто разменија искуства од работата на двете општини, а разговараа и за можностите за искористување на потенцијалите преку воспоставување на соработка во повеќе области.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...