Жан Тосев од Струмица и Билјана Кираџиева од Скопје најбрзи на полумаратонот „Струмица на улица 2022“

Недела, 12 Јуни 2022

Најбрзи на третиот полумаратон „Струмица на улица 2022“ што се одржа низ улиците на градот Струмица на 21 километар се Жан Тосев од АК „Струмица“ кај мажите и Билјана Кираџиева од АК „Кираџиев Тренинг систем“ од Скопје кај жените. Тосев патеката ја помина за 1 час, 15 минути 10 секунди, а Кираџиева за 1 час, 23 минути и 17 секунди.

Кај мажите втор беше Мартин Трајановски, а веднаш зад него Игор Јакимовски, и двајцата од АК „Делта“ од Скопје. Кај жените втора беше Маја Ричина од АК „Делта“ од Скопје“, а како трета Александра Златкова од ФЕИТ.

Медалите на најбрзите во категоријата на 21 километар во машка и женска конкуренција им ги додели покровителот на ова спортска манифестација, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Најбрз на патеката од 10 километри кај мажите беше Ристе Новаков од АК „Беласица Ран“ од Струмица, а кај жените најбрза беше Талија Петреска од клубот „Златоврв“. На второто и третото место кај мажите беа Андреа Стојановски и Тоше Анчев од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија. Кај жените втора е Валентина Узунова од Богданци, членка на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, а трета на целта пристигна Сања Јачевска.

Во категоријата до 5 километри (мажи) најбрз беше  Димитар Јовановски од клубот „3 Дисциплини“ од Струга, втор Атанас Епов од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, додека на третото место беше Глигоријан Никовски од АК „Делта“ од Скопје. Во ова категорија за жени, првото место го освои Анастасија Ристова од Струмица, второто Бојана Манева и Цеца Срботова од „Поетри Ран“ како трета.

Третиот полумаратон „Струмица на улица 2022“ го организираше АК „Беласица Ран“ од Струмица, а на него учествуваа над 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Белгија и Велика Британија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...