Почнаа уписите во трите средни училишта во Струмица, слободни места за 1209 полуматуранти

Вторник, 14 Јуни 2022

Во прва година во трите средни училишта ќе можат да се запишат 1209 ученици.

Според објавениот конкурс за запишување на ученици за новата учебна 2022/2023 година, во прва година во трите средни општински училишта во општина Струмица предвидено е да се запишат вкупно 1209 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ ќе се запишат 354 ученици во 12 паралелки, според наставните планови и програми за: Земјоделско-ветеринарна струка - 143 ученици, во 5 паралелки, Хемиско-технолошка струка 84 ученика во 3 паралелки, во Здравствената струка планирани се 102 ученици во 3 паралелки и во Угостителко-туристичката струка – 25 ученици во една паралелка.

Во прва година во СОУ „Никола Карев“ можат да се запишат 490 ученици во 16 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за: Машинска струка - 127 ученици, во 4 паралелки, Текстилно-кожарска струка 50 ученици, во 2 паралелки, во Електротехничката струка - 136 ученици, во 4 паралелки, во Сообраќајната струка ќе се запишат 93 ученици (3 паралелки), 25 ученици (1 паралелка) се планирани во Шумарско-дрвопреработувачката струка и во Градежно-геодетската струка – 59 ученици во 2 паралелки.

Во СОУ „Јане Сандански“ во прва година ќе се запишат вкупно 365 ученици во 11 паралелки и тоа, 238 во Гимназиското образование и 127 ученици (4 паралелки) во Економско правна и трговска струка.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24:00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 16 јуни од 12:00 до 19:00 часот и на 17 јуни од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 20 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 20 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24:00 часот и на 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 23 јуни од 12:00 до 19:00 часот и на 24 јуни од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 27 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 27 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 10:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...