„Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“

Вторник, 21 Јуни 2022

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“, финансиски поддржан од Општина Струмица.

Зошто овој проект? Како општество и како граѓански организации често сме посветени на афирмација и промовирање на основните човекови права, но не секогаш го опфаќаме како право она што со кое секојдневно имаме контакт-купувањето храна, купувањето прехрамбени производи, точењето гориво, плаќање сметки за електрична енергија, купување земјоделски производи, лекови, добивање најразлични услуги и слично. Во изминатиот период многу малку се зборува за информирање на граѓаните за нивните права како потрошувачи, кои механизми и алатки им стојат на располагање со цел да да ги заштитат своите права, по основ на секојдневните потрошувачки договори што тие ги склучуваат и се во интеракција, информираат од „Медија Флеш“.

Иако има рамка за потрошувачите во форма на Закон за заштита на потрошувачи, сепак се уште е голем бројот на граѓаните кои не ги знаат своите права како потрошувачи, но сепак уште позагрижувачки е бројот на оние кои не знаат каде да се обратат во случај  нивното право како потрошувачи да биде повредено. Ова прашање и проблем е посебно изразено во помалите локални средини и потребата од едукација на граѓаните-потрошувачи е неминовна, со цел тие да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ. Исто така во време на дигитална ера и онлајн продажба, граѓаните мора да ги знаат своите права како онлајн потрошувачи. Има повеќе случаи каде граѓаните се изманипулирани, односно нарачуваат еден производ, а добиваат друг производ или пак оштетен производ.

Иако до 2018 година постоеше Советодавно место за заштита на потрошувачите на Струмица и ова тело и канцеларија функционирало во рамки на Општина Струмица, како проект од Организацијата на потрошувачи на Македонија, веќе неколку години не е во функција. Формирањето и ставањето на ова тело во функција ќе овозможи граѓаните да имаат механизам и алатка за да се пожалат за нарушување на своите потрошувачки права и да им се излезе во пресрет доколку има утврдени неправилности, додаваат од Здружението.

Главна цел на проектот е запознавање на граѓаните за нивните права како потрошувачи, унапредување на заштитата на потрошувачите и заштита на интересите на потрошувачи со цел тие да развијат свест, вештини, знаења и да имаат информации за производите што ги купуваат и кои механизми и алатки им стојат на располагање за да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ и да се воспостави квалитетен систем на заедничка соработка меѓу граѓанскиот сектор, институциите и граѓаните како потрошувачи.

Во наредниот период „Медија Флеш“ преку најразлични активности ќе работи на реализација на овој проект, а граѓаните ќе бидат информирани подетално за сите активности во наредниот шестмесечен период за постигнатите резултати.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Скопје повредени четворица малолетници меѓу кои и еден од Струмица

Во сообраќајка во Скопје повредени четворица малолетници меѓ…

Авг 19, 2022 Вести

Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...

Вечерва последниот концерт од „Струмица Опен фестивал 2022“

Вечерва последниот концерт од „Струмица Опен фестивал 2022“

Авг 19, 2022 Вести

Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...

Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

Авг 19, 2022 Вести

Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста со донација од 200.000 денари

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Свет…

Авг 19, 2022 Вести

Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...

Се подготвува теренот за изградба на булеварски мост на река Водочница во близина на Автобуската станица

Се подготвува теренот за изградба на булеварски мост на река…

Авг 18, 2022 Вести

Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...

Во Босилово „Нула отпад“ ќе изгради собирен центар за селекција на електронски отпад

Во Босилово „Нула отпад“ ќе изгради собирен центар за селекц…

Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...

Матурантите од генерацијата 2018/2022 на СОУ „Јане Сандански“ со фрлање капи го заокружија своето образование во ова училиште

Матурантите од генерацијата 2018/2022 на СОУ „Јане Сандански…

Авг 16, 2022 Вести

Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...

Утре прекин на електричната енергија во реонот од Добрејци до Василево

Утре прекин на електричната енергија во реонот од Добрејци д…

Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...