Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од загинувањето на младиот македонски бранител, специјалец во ПЕП, Атанас Јанев од Струмица, учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, кој загина во битката за Арачиново на возраст од 25 години.
Пред споменикот на загинатите бранители свежо цвеќе положија членови на семејството на Атанас Јанев, претседателот и членови на Советот на општина Струмица, началникот на СВР Струмица, од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и здруженија на граѓани, а за двајцата бранители говореше претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
Атанас Јанев е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакал со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш го имал патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застанувал и се поклонувал пред споменикот на Гоце Делчев, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитувал и споменувал ликот и делото на Гоце Делчев. После полнолетството, Атанас имал силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил во брак со неговата сопруга Зорица, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас не доживеа да си го дочека и да го фати во раце своето чедо, кое денес го носи и неговото име, Атанас, има 21 година и присуствуваше на денешниот помен во чест на неговиот татко. Атанас Јанев загинал во битката за Арачиново на денешен ден, 23 јуни 2001 година.
Кољо Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Кољо во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се борел против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година. На 6 јуни 2001 година, Кољо е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина. Имаше само 19 години.
.
.
Авг 19, 2022 Вести
Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...
Авг 19, 2022 Вести
Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...
Авг 19, 2022 Вести
Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...
Авг 19, 2022 Вести
Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...
Авг 18, 2022 Вести
Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...
Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...
Авг 16, 2022 Вести
Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...
Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...