Ќе се унапредува женското претприемништво во општината Босилово

Четврток, 30 Јуни 2022

Градоачалникот на општина Босилово, Ристо Манчев денеска потпиша Меморандум за соработка со координаторката на Националната платформа за женско претприемништво за Југоисточниот плански регион, Ксенија Вангелова се со цел заеднички да се работи на унапредување и јакнење на жените преприемачи во општината Босилово. На средбата било констатирано дека економски жените претприемачи можат да играат клучна улога во процесот на економски развој доколку имаат еднакви можности и пристап до ресурсите.

„Развојот на женското претприемништво и формирањето и на Совет за женско претприемништво со учество на жени претриемачи и НВО организации кои го поддржуваат женското претриемништво се едни од приоритетите во мојот мандат особено поддршка на руралните жени во започнување на свој бизнис. Руралните жени се моќни, силни и посветени на развојот на заедницата, кои соочувајќи се со бројни предизвици се движечка сила во производството на храна, зачувувањето на традицијата, борбата со климатските промени и одржливиот рурален развој, потсетувајќи не дека преку нивно социјално и економско јакнење ние ќе создадеме социјална бласостојба, економски развој, поквалитетен живот во руралните средини и одржливи заедници“ – кажа градоначалникот Манчев.

Ксенија Вангелова ги претстави целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика. На средбата присуствуваше  и амбасадорката за Југоисточен плански регион, Анита Дрвошанова.

„Со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ја дадов мојата поддршка на политиките и мерките за економско зајакнување на жената и ги презентирав моите планови во оваа област, а тоа се развој на женското претприемништво и формирање на Совет на жени претриемачи во рамките на општина Босилово. Тоа значи максимален влог во создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените. Затоа ги охрабрувам сите жени со претприемнички дух да бидат креативни, упорни и да ги искористат своите потенцијали“ – додаде градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...