На 9 и 10 Јули - Ноќно искачување на Ѕвезден Врв на планината Беласица

Понеделник, 04 Јули 2022

Во организација на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, овој викенд 9 и 10 Јули ќе се одржи традиционалното Ноќно искачување на Ѕвезден Врв на планината Беласица.

Семер Кајас, познат и како Ѕвезден Врв, е еден од највпечатливите врвови на Беласица, што пружа вистинско уживање и восхитувачки поглед кон околината.

„Ентузијаст“ Ве поканува сите на една поразлична ноќна планинарска тура, каде магичните ѕвезди ќе нè следат цела ноќ и ќе не остават без здив.

П Р О Г Р А М А

Сабота, 9 Јули:
- Тргнување од пред ресторан „Атлантис,“ Смолари во 15:00 часот.
- Пристигнување на Планинарски дом „Шарена чешма“.
- Сместување во домот или шатори (по желба) и одмор.

Недела, 10 Јули
- Поаѓање кон Ѕвезден Врв во 01:30 часот.
- Пристигнување на Ѕвезден Врв.
- Чекање изгрејсонце.
- Враќање кон Планинарски дом „Шарена чешма“.
- Одмор и релаксација на Планинарски дом „Шарена чешма.“
- Опција: прошетка до Ѓаволски мост.
- Враќање во Смолари во 15:00 часот.

ОПИС НА ПАТЕКАТА
- Се тргнува од село Смолари од 382 мнв.
- Се оди по одбележана планинарска патека, низ густа костенова и букова шума 2,5 часа до ПД „Шарена чешма“ 1.276 мнв.
- Од ПД „Шарена чешма“ (1.276 мнв) се оди по колски пат и за 2 часа се пристигнува на Ѕвезден Врв (1.877 мнв). Пречекување на изгрејсонце. Врвот нуди величествен поглед кон двете соседни земји, Македонија и Грција.
- Враќање по истата патека.
Патеката е средно тешка. Се совладува висинска разлика од 1.495 мнв и вкупна должина во двата правца од околу 20 км.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА
- Планинарски обувки.
- Челна ламба (задолжителна).
- Топла облека.
- Кабаница.
- Насмевка.
- Храна од ранец.

НАПОМЕНА: Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно, самиот е одговорен за несаканите последици. Движењето се одвива во група. Обезбеден е превоз на шатори и вреќи за спиење од Смолари до ПД „Шарена чешма“.

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО И ИНФОРМАЦИИ
Пријавување со име и презиме, најдоцна до 8 јули, поради движење во граничен појас.
Секој учесник добива маица со принт од настанот.
Костадин – 078 595 285
Филип - 071 205 272
Томе - 075 301 532
Пале - 078 216 714
Викторија - 070 224 273

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...