СВР Струмица доставува казни до учесниците на вчерашниот протест кој го блокираа патот Струмица - Радовиш

Сабота, 09 Јули 2022

СВР Струмица изготвила прекршочни платни налози со казна во висина од 35 евра за „паркирано возило“ и 50 евра за „движење на пат“ за учесниците на вчерашниот протест на патот Струмица - Радовиш. Полицијата денеска ги разнесува налозите по домовите, реагираше денеска ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, информирајќи дека СВР Струмица претходно уредно добила најава за протестот и дозволи да се случи протестот обезбедувајќи го со голем број на униформирани лица.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

„Доколку протестот во одредена смисла е незаконски СВР требало да го отфрли барањето и да ги предупреди граѓаните, наместо да ги препознава по снимки и според забележување.

Дали ова казнување по учество на протест на организатор и учесници го има некаде на друго место во светот?

Напишале во пријавата: „лицето се движеше по место резервирано само за возила“ (??)

Казна до 1000 евра за луѓе кои очигледно не се организатори но, СВР по 24 часа одлучила дека ќе ги третира токму нив како организатори.

Налог добиле дури и лица кои не биле на протест вчера.

Началството на СВР Струмица наместо да се бави со разоткривање на убиства и расчистување на дрогата во градот, мафијашките зделки и меѓународните криминалци тие фингираат прекршочни налози за граѓани кои отишле на протест.

Народот во Струмица не се плаши. Во струмичани живее духот на Делчев, струмичани ги паметат Петте струмички студенти, струмичани го памтат ќотекот на земјоделците во Куклиш од СДС.

И покрај сите малтетирања пак ќе излезат и ќе си бранат државата, ќе ја бранат нацијата!

Струмичкиот Началник Томе Весов да си поднесе оставка за вакво непотребно малтретирање на сограѓани.

Апелираме струмичкото политичко раководство на СДСМ конечно да го разбуди своето национално чуство и да разбере дека политичките одлуки носат длабоки последици.

Од нас, како учесници изразуваме поддршка до припадниците на полицијата. Исто така сакаме да ги охрабриме вработените во СВР да си ја вршат својата законска работа, додека за секоја команда да бараат писмена забелешка.

Началството веќе е свесно дека народот знае многу работи - и знаат дека многу скоро ќе одговарат“ – стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги сите казнети граѓани да се обратат до Општински Комитет во Струмица, затоа како што велат, се преземат мерки за да им помогне во овој нов чин на полициската држава.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...