Испечатете ја страната

„КОСТЕНИЈАДА 2018“ - Фестивал на Смоларскиот костен

Недела, 04 Ноември 2018

Во падините на планината Беласица, над селото Смоларе, денеска по 9-ти пат се одржа Фестивал на Смоларскиот костен „Костенијада 2018“, традиционално овошје кое е заштитен знак на селото Смоларе.

Печени смоларски костени, специјалитети од костени, но и традиционални македонски јадења, топла ракија, вино и чај, музика во живо, традиционални ора со КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, како и изложба на творби посветени на костенот, изработени од ученици од општина Ново Село, беа дел од „Костенијадата“.

Плодот кој во изобилие расте на планината Беласица, тука има посебно значење. Денеска домаќинките меѓусебно се натпреваруваат кој ќе направи повкусен кулинарски подвиг. Велат дека Смоларскиот костен добро се продава на пазарите.

На манифестацијата меѓу многуте гости од Македонија, соседна Бугарија, претставници на Владата и општини од регионот, присуствуваше и сопругата на премиерот Заев, Зорица Заева.

Целта на манифестацијата е презентација на повеќе производи направени од надалеку познатиот Смоларски костен, но и на други локални производи, пијалоци, рачни изработки и други кулинарски вештини и етнолошки вредности карактеристични за оваа поднебје.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов најдобар спортист на Струмица за 2019-та

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов најдобар спортис…

Јан 25, 2020 Вести

Одбојкарот Ристо Николов од ОК „ЏИО Струмица“ и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за 2019-та г...

Утре продолжува акцијата за кроење на дрворедите во градот Струмица

Утре продолжува акцијата за кроење на дрворедите во градот С…

Јан 25, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека утре (недела, 26 јануари), продолжуваат со акцијата за кроење на дрворедите во градот Струмица. Се започнува од ...

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брзакова

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брз…

Јан 25, 2020 Вести

Утрово од пред општинската зграда на Општина Босилово, голем број ловџии и граѓани се приклучија на полициските службеници во потрага на исчезнатата М...

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подготовки во Анталија, Турција

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подгото…

Јан 24, 2020 Вести

Сениорскиот тим на ФК „Академија Пандев“ од Струмица утре заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе бидат до 7 февруари. Договорени се пет...

Во Струмица се одржа работилница за идентификација на иновативни идеи на Регионалниот бизнис центар

Во Струмица се одржа работилница за идентификација на иноват…

Јан 24, 2020 Вести

Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во канцелариите на Центарот во Струмица, организираше работилница за...

Нема ни трага од исчезнатата Марија Брзакова од Босилово, од утре и ловџиите ќе се вклучат во потрага по неа

Нема ни трага од исчезнатата Марија Брзакова од Босилово, од…

Јан 24, 2020 Вести

Нема трага од 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, која исчезна во саботата во утринските часови. Полициски службеници ја барат низ Струмичкиот р...

Напаѓачот на девојката, но и на полицаец е малолетник, лишен е од слобода

Напаѓачот на девојката, но и на полицаец е малолетник, лишен…

Јан 24, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 14:00 часот лишен е од слобода малолетник од селото Просениково, кој завчера околу 18:45 часот во близина на с...

Прегазил двајца пешаци во центарот на Струмица и побегнал

Прегазил двајца пешаци во центарот на Струмица и побегнал

Јан 24, 2020 Вести

Вчера во 14:30 часот на крстосница од булевар „Маршал Тито’’ и улицата „Ленинова’’ во Струмица, едно возило удрило во пешаците М.Б. (61) од Радовиш и ...