Во недела Модна ревија „Убави сме, свои сме“

Петок, 30 Ноември 2018

Здружението за помош и поддршка на лица со попреченост „Вера” од Струмица, по втор пат организира модна ревија, во чест на лицата со попреченост, испраќајќи порака дека сите сме исти и заслужуваме достоинствен живот и прифаќање и покрај различностите.

Настанот е насловен „Убави сме, свои сме”, а ќе се одржи во недела, 2 декември, со почеток од 16:00 часот во хотелот „Вила Парк“, во Струмица. На хуманитарниот настан, како и минатата година, познати лица од јавниот живот ќе се појават во улога на модели, односно ќе им бидат придружба на модната писта на триесет деца со попреченост од повеќе градови во Македонија.

Оперските пејачи Васил Гарванлиев и Јаворка Витанова, пратеничката Катерина Кузмановска, Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, шефицата на кабинетот на премиерот, Мирјана Јанева, ќерката на премиерот, Александра Заева, спортистите Дени Масев и Зоран Балдовалиев, креаторката Емили Пишева, се дел од модната ревија и уште голем број на менаџери, бизнисмени, хуманисти и луѓе кои едноставно сакаат да дадат свој придонес во ширењето на пораката дека сите сме исти и убави на свој начин.

Освен модната ревија двочасовната хуманитарна манифестација ќе биде збогатена и со други содржини, како што се настап на ученици од основните училишта „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“, како и танчерите од One Way Dance Studio“. На настанот како гости ќе присуствуваат и членови на Здруженија во Македонија со кои „Вера“ во изминатите години има потпишано меморандум за соработка и успешно соработуваат во повеќе заеднички активности.

Влезот е слободен, но ќе биде од хуманитарен карактер. Ќе има кутија за донација, каде секој посетител во рамките на можностите ќе може да донира.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот пр…

Јул 12, 2020 Вести

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 07:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатна...

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 лица со ковид-19

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 …

Јул 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица, едно од Струмица и едно од Просениково се новозаразени со ковид-19. Во моментот 15 лица се водат како активни случаи во Струмица, а досега о...

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...