Испечатете ја страната

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Сабота, 08 Декември 2018

Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празникот Свети Климент Охридски, па се до 15-ти декември ќе се одржат низа свечености.

Со меѓународен натпревар во кошарка за ветерани ќе започне одбележувањето на патрониот празник на градот Струмица. Стартот е закажан за денеска во 13:00 часот во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица. Вечерва во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи промоција на Македонски епски народни песни од Струмица и струмичко - „Турунџула Каравлашки“ од Иван Котев.

Во недела (9-ти декември), во 20:00 часот во малата сала на НУЦК „Антон Панов“ ќе биде изведена премиерата „Сонцето на Царевите кули“ од Бранко Бенинов.

Во понеделник (10-ти декември), во 12:00 часот во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“, ќе бидат доделени наградите од Литературниот конкурс посветен на градот Струмица, а во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде промовирано новото списание за наука, литература, култура и уметност „ЗЕНИТ“.

На денот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, 11-ти декември (вторник), во 09:00 часот во истоимената црква во Струмица ќе се одржи Света Божествена литургија. Во 12:00 часот е Свечената седница на Советот на општина Струмица на која свое обраќање ќе има градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, а ќе бидат доделени и традиционалните Годишни награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ на општина Струмица за 2018-та година. Истиот ден во 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ во Струмица, Ансамблот „Тримери“ ќе го одржи својот традиционален Годишен концерт.

Активностите по повод патрониот празник на Струмица продолжуваат и во среда (12-ти декември), во 10:00 часот со Турнир во кошарка за основните ушилишта. Натпреварите ќе се одржуваат во Спортската сала на ООУ „Видое Подгорец“. Во 20:00 часот во изложбениот салон на НУ „Завод и Музеј“ во Струмица ќе биде претставена Изложба на Ликовната група „ПРЕСЕК“.

Во четврток (13-ти декември), од 10:00 часот во Спортската сала на СОУ „Никола Карев“ започнуваат натпреварите од Турнирот во кошарка за средните училишта. Истиот ден во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде промовирано драмското дело „Вероника Самарак“, по повод 50-годишнината од смртта на Антон Панов.

На 14-ти декември (петок), во НУЦК „Антон Панов“ од 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Петтиот чин“ во режија на Ник Алер.

Со меѓународен натпревар во одбојка за ветерани, кој ќе се одржи на 15-ти декември (сабота) во Спортската сала „Партизан“ од 18:00 часот, завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица - Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за…

Окт 16, 2019 Вести

Во Струмица и Радовиш започна третиот циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките...

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и фризерски услуги во Белград

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и…

Окт 16, 2019 Магазин

Центарот за убавина „Prestige“ од Струмица, кој постојано ги следи светски познатите саеми и обуки во областа на козметиката, викендот беше дел од меѓ...

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Окт 16, 2019 Вести

Денеска во холот на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, на повеќе штандови беше презентиран богат избор на храна, од солени и слатки специј...

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео спотови

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео сп…

Окт 15, 2019 Магазин

Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „БОЛЕРО“ со вокалниот солист Христијан Божинов Кико, деновиве со две нови песни, кои ги промовираа...

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струмичките брендови на компании во странство

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струми…

Окт 15, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска беше домаќин на голем број македонски дипломати  - почесни конзули, кои се акредитирани в...

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Окт 15, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводната линија од утринава е прекинато водоснабдувањето на улиците: „Партизанска“, ...

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

Окт 14, 2019 Вести

Земјотрес со јачина од 2.9 степени според Меркалиевата скала, е почуствуван вечерва во 21:40 часот на 8 километри северосточно од Ново Село со длабочи...

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-…

Окт 14, 2019 Магазин

SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање. Од најосновните јазици до најмодерните технологии кои се најчесто употребув...