Испечатете ја страната

Групацијата Трафигура го зголеми влогот во проектот за бакар Иловица – Штука

Понеделник, 18 Февруари 2019

Групацијата Трафигура преку својата подружница, инвестициската групација Галена Ресоурс Еквитис Лимитед (Galena Resource Equities Limited), ја зголеми својата инвестиција во проектот за рудник за бакар Иловица-Штука на компанијата Еуромакс Ресоурцес за дополнителни 6,9 милиони американски долари. Инвестицијата е направена преку Еуромакс Ресоуцес ЛТД канадска компанија која котира на Берзата во Торонто.
Зголемувањето на своите инвестиции во Проектот од страна на Трафигура е охрабрено од поддршката што Еуромакс ја добива од локалното население, како и конструктивните чекори кои македонската Влада ги презема за заедницата, а особено прогресот на интегративниот процес за влез во НАТО, што е силен сигнал за странските инвеститори.
Трафигура има богато искуство со изградба и управување со рудници низ целиот свет. Трафигура направи детална техничка и правна детална анализа на Еуромакс и Проектот во изминатите дванаесет месеци и потврди дека проектот Иловица-Штука е усогласен со целата македонска регулатива и е проектиран согласно најдобрите меѓународни практики за работење, заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Еуромакс пред повеќе од една година донесе одлука за откажување од цијанидот и со тоа е во целосна согласност со неодамна усвоените измени на Законот за минерални суровини.
Трафигура е подготвена да го води проектот Иловица-Штука кон процес на изградба и работење за да ја покаже неговата вредност и придонес за локалната заедница и останатите засегнати страни. Дополнителните финансии ќе се искористат за понатамошен развој на Проектот, вклучително и дополнителна техничка работа и активности во процесот на добивање дозволи, што ќе овозможи и почетни вработувања.
„Почетокот на интегративниот процес за влез на земјата во НАТО и напредокот во процесот за влез во ЕУ ја зголемија довербата на инвеститорите во нашиот проект. Овој позитивен сигнал беше засилен и од проактивнoста што Владата ја покажува за проектот Иловица-Штука. Ние одлучивме да се откажеме од употребата на цијанид, а новите финансии ќе бидат вложени во дополнителна техничка работа на терен и поддршка за локалното население. Кога Проектот ќе биде во фаза на работење ќе придонесе за значителен развој на националната економија, особено во регионот каде е лоциран рудникот. Очекуваме понатамошна заедничка соработка со локалното население” - вели главниот извршен директор на Еуромакс Ресоурцес, Варшан Гокул.
Предвидени се 343 милиони евра инвестициja за изградба на Проектот и со тоа ќе биде најголемата гринфилд инвестиција во земјата која ќе донесе значителен поттик за економски раст.
Со приходи од над 180 милијарди американски долари за изминатата 2018 година, Трафигура е една од водечките светски независни трговски и логистички куќи со значајно рударско искуство во срцето на глобалната економија. Трафигура е посветена на исполнување на највисоките стандарди во синџирот за набавки и секогаш во нејзиното планирање и донесување одлуки на прво место ги поставува здравјето, безбедноста, животната средина и заедницата.
Покрај Трафигура, зад структурата на акционери и кредитори на Еуромакс стојат многу други престижни меѓународни институции, како Европската банка за обнова и развој, британскиот инвестициски фонд Ора Капитал, американскиот инвестициски фонд Eквинокс партнерс, Инвестек Банка и менаџерски тим и Одбор на директори со повеќе од 200 години заедничко искуство во рударскиот сектор.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмичката болница, нов директор е доктор Катерина Кузмановска

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмич…

Јан 21, 2021 Вести

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македонија на Евровизија

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македон…

Јан 20, 2021 Магазин

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...