Испечатете ја страната

Заврши првиот дел од најмасовниот турнир „Пандев Куп 2019“

Понеделник, 04 Март 2019

По втор пат 70 екипи од Македонија, Србија и Бугарија со над 1500 деца на возраст од 8 до 12 години и голем број на фудбалски натпревари, се одржа „Пандев Куп 2019“ во организација на ФК „Академија Пандев“.

Четири дена од 27 февруари до 3 март на терените во Струмица и Дојран учество зедоа фудбалерчиња во генерациите 2006, 2007 и 2008. Пет дена исполнети со фудбал и дружење на децата на терените и надвор од нив.

Големиот број екипи го потврдија фактот дека овој „Пандев Куп“ под водство на најдобриот фудбалер на сите времиња од Македонија, Горан Пандев, ќе прерасне во традиција и го добива епитетот за најмасовен и најсилен турнир.

Во генерацијата 2006-та, птвото место го освои екипата на ФК Академија Пандев, второто екипата Е.Н.Е Битола, а третото ФК „Победа“ Прилеп. За најдобар играч на турнирот беше избран Филип Митев од ФК Академија Пандев, додека наградата за најдобар голман ја доби Дарио Велески од екипата на Е.Н.Е Битола.

Кај генерацијата 2007-ма, најдобар беше ФК Пелистер, втори се ФК Работнички, додека трети екипата на Еуроспорт. За најдобар играч беше избран Дарко Димитровски, а најдобар голман Александар Балев.

ФК Вардар го освои првото место кај генерацијата 2008-ма. Второто место го освои екипата на Талент од Битола, а трети се ФК Академија Пандев. Најдобар играч во оваа генерација беше Матео Ќесич од редовите на ФК Вардар, додека најдобар голман Лука Грчевски, исто така од екипата на ФК вардар.

Турнирот Пандев Куп 2019 беше поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран. Летото на вториот дел од „Пандев Куп 2019“ ќе земат учество 96 екипи од повеќе земји во повозрасни категории.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за…

Окт 16, 2019 Вести

Во Струмица и Радовиш започна третиот циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките...

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и фризерски услуги во Белград

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и…

Окт 16, 2019 Магазин

Центарот за убавина „Prestige“ од Струмица, кој постојано ги следи светски познатите саеми и обуки во областа на козметиката, викендот беше дел од меѓ...

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Окт 16, 2019 Вести

Денеска во холот на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, на повеќе штандови беше презентиран богат избор на храна, од солени и слатки специј...

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео спотови

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео сп…

Окт 15, 2019 Магазин

Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „БОЛЕРО“ со вокалниот солист Христијан Божинов Кико, деновиве со две нови песни, кои ги промовираа...

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струмичките брендови на компании во странство

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струми…

Окт 15, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска беше домаќин на голем број македонски дипломати  - почесни конзули, кои се акредитирани в...

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Окт 15, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводната линија од утринава е прекинато водоснабдувањето на улиците: „Партизанска“, ...

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

Окт 14, 2019 Вести

Земјотрес со јачина од 2.9 степени според Меркалиевата скала, е почуствуван вечерва во 21:40 часот на 8 километри северосточно од Ново Село со длабочи...

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-…

Окт 14, 2019 Магазин

SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање. Од најосновните јазици до најмодерните технологии кои се најчесто употребув...