Никола Андонов и официјално избран за кандидат за градоначалник

Петок, 15 Март 2019

Познатиот Струмички бизнисмен од Колешино, Никола Андонов доби едногласна поддршка на Општинска Конференција на СДСМ Ново Село, да биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од оваа партија на предвремените Локални избори за избор на градоначалник, кои ќе се одржат на 21 април.

На синоќешната Конференција, покрај делегатите и кандидатот за градоначалник, присуствуваше и потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Штип, Благој Бочварски.

„Имаме цел, а целта ни е победа. Треба да направиве добра стратегија, да бидеме добро организирани и да почекаме резултати. Резултатите, според мене, со моето искуство, со моето знаење, ќе бидат единствено ако сите ние бидеме обединети. Има двајца кандидати за градоначалник, јас и Николчо Стоилков. Се надевам дека сите вие ќе застанете зад мене, за една цел, да ја постигнеме сите заедно. Успехот е на сите заедно, успехот ќе биде и на општина Ново Село и на Никола Андонов и на сите вас“ - рече во своето обраќање до делегатите и членовите на ОО на СДСМ Ново Село, Никола Андонов.

Никола Андонов беше градоначалник на општина Ново Село во периодот од 2005 до 2009 година. Андонов во својот мандат успеа да ја екипира општина Ново Село со сите потребни одделенија и тела. Го постави костурот на функционирање и развој на општината, а заедно со неговите колеги од општините Босилово и Василево ја формираа и заедничката општинска администрација, проект што беше поздравен и пофален од УНДП и сите министерства во државата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

Сеп 23, 2019 Вести

Денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На мест...

Изгоре куќа во селото Дражево

Изгоре куќа во селото Дражево

Сеп 22, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вечерва околу 19:00 часот интервенирале во гасење пожар на запалена стара куќа во селото Драже...

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Сеп 22, 2019 Вести

Од 11 до 13 октомври ќе се одржи уште еден гурмански викенд во Радовиш. Струмичаните Горан и Ленче со групата Јупитер ќе настапат на затворањето на ма...

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на струмичкото СДСМ

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на…

Сеп 22, 2019 Вести

Во организација на Општинската организација на СДСМ од Струмица денеска беше реализирана еко-акција за чистење на просторот помеѓу стадионот „Благој И...

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија преку меѓународната размена „АгроМлади“ во Струмица

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрв…

Сеп 22, 2019 Вести

Од 14-ти септември до денеска, Струмица беше домаќин на третата меѓународна размена под име „АгроМлади - Трето издание“. Група од 35 млади од 7 европ...

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Сеп 22, 2019 Вести

Синоќа во 01:15 часот полициски службеници од СВР Струмица го привеле 39-годишниот В.И. од село Добрејци, поради тоа што физички нападнал двајца полиц...

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Илија Караманов 2019“

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Или…

Сеп 21, 2019 Вести

Млади одбојкарки од Македонија, Словачка и Србија, денеска и утре учествуваат на првиот Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, ...

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во Македонската Филхармонија

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во…

Сеп 21, 2019 Вести

Македонскиот баритон со светска кариера од Струмица, Васил Гарванлиев, кој почна да гради кариера и во водите на македонската поп музика, синоќа во Ма...