Талентираниот Иван Кукиќ, студент на Академијата на уметностите: Волшебник на шест инструменти

Недела, 17 Март 2019

Иван Кукиќ од Струмица е еден од студентите на феноменалната прва година на Катедрата за музичка продукција и дизајн на звук. Иван е мултиталентиран, свира шест инструменти, пее, компонира, аранжира, и не е ни чудо што беше приметен од Влатко Стефановски, најдобриот гитарист на овие простори, кој го побара да му биде гостин на неговиот концерт во Нови Сад, кој се одржа оваа недела. Влатко и Иван заедно ја отсвираа најверојатно најпознатата македонска песна - „Јовано, Јованке“, а реакцијата на публиката беше сјајна. Иван исто така имавме можност да го гледаме во емисијата „Никогаш не е доцна“, каде настапи со својата фамилија.

Слушнете ги Macedonian All Stars во нумерата „Хавана“ >>>

Најпрво го запрашавме Иван како дојде до неговата соработка со Влатко Стефановски

- Мојата соработка со Влатко дојде преку заеднички пријател и колега кој исто така е гитарист. Влатко исто така ме следеше на Инстаграм каде објавувам кратки снимки од моето свирење на бас гитара. Па, преку нашиот пријател, јас и Влатко стапивме во контакт, а на нашата прва средба и отсвиривме по нешто. Така почна нашата соработка, за потоа Влатко дојде до идејата да ме повика да бидам негов гостин на концертот во Нови Сад. Огромна чест е што настапив со маестро Влатко Стефановски и што ќе продолжиме со соработка.

На колку инструменти свираш?

„Свирам на повеќе инструменти - клавир, контрабас, гитара, тапани и народни инструменти, но најмногу сум определен за бас гитара“, вели Иван, во чија поширока фамилија сите се занимавале со музика.

Каде сè си свирел и во кои групи?

- Свирев со Мотив Бенд, тоа се мои врсници од Струмица, имам свирено на бас гитара во КУД „Гоце Делчев“ Босилово, со кои имав низа настапи во Македонија, Бугарија и Србија. Исто така имам свирено во училишен симфониски оркестар од Скопје на неколку концерти низ Македонија. На неколку меѓународни натпревари за свирање на контрабас имам освоено први награди. Во моментов сум со Macedonian All Stars, заедно со Џамбо Агушев и Мишел Трајковски, а со нив во април нè чека турнеја низ Франција.

Дали компонираш и снимаш авторска музика?

- „Компонирам и снимам своја авторска музика. Имам неколку авторски песни, а сега работам на еден фантастичен инструментал, кој ќе биде промовиран наскоро“, вели Иван кој тврди дека секој жанр му лежи. Тој додава: „Сè што е убаво сакам и да го слушам и да го отсвирам“.

Каде се гледаш себеси за неколку години?

- Буквално себеси се гледам само во музиката и продукцијата. Сакам да свирам, да компонирам и да снимам.

Зошто одлучи да студираш токму на белградската Академија на уметностите?

- Белград како град е многу важен за нашето семејство. Мојот дедо е од Белград, па уште како мал го засакав овој град. Со истражување на интернет дознав и за Академијата на уметностите и одлучив овде да го продолжам своето школување, учејќи ги тајните на музичката продукција и дизајнот на звукот. Среќен сум што имам професори кои се врвни во својата работа и што имам од кого да учам.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...