ЏИО Струмица до ОФМ: Се извинуваме што немаме пари да ве носиме на скапи ручеци и вечери

Петок, 29 Март 2019

По денешната ждрепка за полуфиналето од Купот и инсистирањето на екипите учеснички во ова натпреварување, ОК „ЏИО Струмица“ натпреварите од Купот и првенството да не ги игра во салата „Партизан“, се огласи струмичкиот одбојкарски прволигаш на својата официјална Фејсбук страница.

„Драга Одбојкарска федерација на Македонија, на нашата екипа и е преку глава да биде црна овца у првенството. Како да е малку што 80% од репрезентацијата на Македонија е излезена од нашата екипа, како да е малку што буквално САМИ ја држиме одбојката у Македонија на некое пристојно ниво и што секоја година се бориме за шампионска титула или сме шампиони. СЕ ИЗВИНУВАМЕ што немаме пари да ве носиме на скапи ручеци и вечери. СЕ ИЗВИНУВАМЕ што секогаш сме граделе спортска култура и спортски дух и сме прогледувале низ прсти безброј пати. СЕ ИЗВИНУВАМЕ што имавме доверба во вас како ФЕДЕРАЦИЈА да се грижи за доброто на СИТЕ ЕКИПИ, а не само тие од кои има корист.

Може да зборуваме и за тоа колку имате капацетитет да организирате фер и правично првенство (и дали сакате да го направите тоа)… И за тоа како половина од вашите судии не ги знаат основните правила на одбојкарската игра… Може да зборуваме и за вечноста на некои луѓе во федерацијата кои го донесоа нашиот САКАН СПОРТ на раб до пропаст. Ама не, тоа го оставаме за друг ден.

Денес имаме друга тема на дискусија. За тоа КАКО, САЛАТА ПАРТИЗАН во Струмица, во која нашата екипа се натпреварува веќе 10 години, вклучувајќи ја и оваа сезона, во истата сала во која се натпреварува и екипата на ОК „Виктори Волеј“ во женска конкуренција, ОДЕДНАШ, ОД ДЕНЕСКА – не е доволно добра за одбојка, и екипата на ОК ЏИО СТРУМИЦА треба да си најде НОВ ДОМ за да ги одигра таму преостанатите натпревари од првенството. Со цел нашата екипа да биде спречена да дојде до уште една титула.

Сме играле одбојка на -18, сме играле одбојка на +40. Половина од салите во Македонија немаат соблекувални, другата половина немаат ТОПЛА ВОДА. Ама само „нашата“ ПАРТИЗАН, не чини. Луѓето во овој клуб се вложиле премногу пот, солзи и крв. За да дозволиме да не третирате како РАК во националното првенство и да сакате да не ИСЕЧЕТЕ и да не тргнете настрана.

ОДБИВАМЕ ДА ГИ ИГРАМЕ СИТЕ ОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ ОД ПРВЕНСТВОТО НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН. ОДБИВАМЕ да бидеме „попаметните“ кои попуштаат, по не знам кој пат“ - стои во реакцијата на ОК „ЏИО Струмица“ на својата Фејсбук страница.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

Сеп 23, 2019 Вести

Денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На мест...

Изгоре куќа во селото Дражево

Изгоре куќа во селото Дражево

Сеп 22, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вечерва околу 19:00 часот интервенирале во гасење пожар на запалена стара куќа во селото Драже...

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Сеп 22, 2019 Вести

Од 11 до 13 октомври ќе се одржи уште еден гурмански викенд во Радовиш. Струмичаните Горан и Ленче со групата Јупитер ќе настапат на затворањето на ма...

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на струмичкото СДСМ

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на…

Сеп 22, 2019 Вести

Во организација на Општинската организација на СДСМ од Струмица денеска беше реализирана еко-акција за чистење на просторот помеѓу стадионот „Благој И...

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија преку меѓународната размена „АгроМлади“ во Струмица

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрв…

Сеп 22, 2019 Вести

Од 14-ти септември до денеска, Струмица беше домаќин на третата меѓународна размена под име „АгроМлади - Трето издание“. Група од 35 млади од 7 европ...

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Сеп 22, 2019 Вести

Синоќа во 01:15 часот полициски службеници од СВР Струмица го привеле 39-годишниот В.И. од село Добрејци, поради тоа што физички нападнал двајца полиц...

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Илија Караманов 2019“

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Или…

Сеп 21, 2019 Вести

Млади одбојкарки од Македонија, Словачка и Србија, денеска и утре учествуваат на првиот Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, ...

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во Македонската Филхармонија

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во…

Сеп 21, 2019 Вести

Македонскиот баритон со светска кариера од Струмица, Васил Гарванлиев, кој почна да гради кариера и во водите на македонската поп музика, синоќа во Ма...