Испечатете ја страната

Засилени контроли и апел до граѓаните за внимание и пријави до надлежните институции за предизвикани пожари низ земјата

Недела, 31 Март 2019

Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и воедно упатуваме апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.

Потенцираме дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.

Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се 8 кривични пријави за сторени 8 кривични  дела „предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.

Исто така, потенцираме дека државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.

Владата на Република Северна Македонија упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Поради појавата на шумски пожари се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија, кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите, во придружба на преставник од истите.

Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Воедно ги охрабруваме сите граѓани да пријават лица кои потпалуваат стрништа и оган на отворено во најблиските полициски станици или на телефонскиот број 192.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

53 нови случаи позитивни на Ковид-19

53 нови случаи позитивни на Ковид-19

Апр 04, 2020 Вести

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. По градови: Скопје ...

Костадинов: Во ова тешко време, мора да бидеме хумани и солидарни

Костадинов: Во ова тешко време, мора да бидеме хумани и соли…

Апр 04, 2020 Вести

Портпаролот на СДСМ и до неодамна пратеник, Костадин Костадинов, кој е дел од волонтерскиот тим на Општина Струмица, вели дека во ова тешко време, мор...

Семејството Заеви донира прехранбени пакети за сиромашни семејства, а ќе се делат преку Општинскиот штаб за заштита и спасување

Семејството Заеви донира прехранбени пакети за сиромашни сем…

Апр 04, 2020 Вести

Големи колични на хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за социјално загрозени семејства обезбеди семејството на поранешниот премиер, Зор...

Пазарите во Струмица утре (сабота) ќе работат до 14:00 часот

Пазарите во Струмица утре (сабота) ќе работат до 14:00 часот

Апр 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува сите граѓани дека утре, (сабота, 4 април), сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклу...

ЕВН Македонија донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали

ЕВН Македонија донира 200.000 евра за медицинска опрема и ма…

Апр 03, 2020 Вести

ЕВН Македонија донира 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен сист...

СВР Струмица до Јавното обвинителство пријави 27 лица за прекршување на забраната за движење

СВР Струмица до Јавното обвинителство пријави 27 лица за пре…

Апр 03, 2020 Вести

СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе 35 кривични пријави против 36 лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, од к...

Уште двајца пациенти починаа од коронавирус, денеска 46 нови случаи

Уште двајца пациенти починаа од коронавирус, денеска 46 нови…

Апр 03, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст о...

Почина Мојсеј Трајковски

Почина Мојсеј Трајковски

Апр 02, 2020 Вести

По долго и тешко боледување денеска почина Мојсеј Трајковски од Струмица, најстариот брат на починатиот претседател, Борис Трајковски. Покрај Мојсеј...