Радост кај одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ на Светското првенство, продолжуваат во четвртфиналето

Вторник, 02 Април 2019

Одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица со победа од 2:1 над училишната екипа од Баку, Азербејџан во третиот натпревар на Светското првенство во одбојка за основни училишта во Пореч, Хрватска и со скор од две победи и еден пораз го освои второто место во групата Ц и се пласираа во четвртфиналето, струмичката екипа се меѓу првите осум на оваа Светско првенство.

Радост кај одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ со оро и песната „Македонско девојче“ ја прославија оваа значајна победа која им беше влез во четвртфиналето.

Натпреварот со тимот од Азербејџан беше важен и клучен за двете екипи и психолошки тежок за игра. Во рамноправна и изедначена игра Азербејџанските одбојкарки умешно ги искористија грешките на нашите девојки и со 25:22 поведоа во сетови. Во вториот сет струмичките одбојкарки заиграа подобро и посигурно и дојдоа до предност од 24:19 за потоа со 25:22 да израмнат во сетови. Во третиот тајбрек сет струмичанките продолжија со добрата игра и имаа постојана предност со 1-3 поени за на крајот со 15:12 да слават заслужена победа од 2:1 во сетови и голема радост на одбојкарките и наставниците Зоран Спасов и Горан Иванчев, како и директорот Леонид Танчев.

Притоа треба да се истакне големата поддршка со навивање и бодрење од женската екипа на Видин и машката екипа од Крџали, Бугарија. Во четвртфиналето на Светското првенство екипата на ООУ „Видое Подгорец“ ќе игра против првопласирана екипа на групата А тимот од Кинески Тајпеј ,кој натпревар се игра во четврток.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајца струмичани преку МојДДВ #МојаНаграда вечерва добија по 100.000 денари

Двајца струмичани преку МојДДВ #МојаНаграда вечерва добија п…

Апр 04, 2020 Вести

Петнаесет граѓани од земјава кои до 31 март скенирале фискални сметки, вечерва добија по 100.000 денари. Станува збор за четвртото коло од наградната ...

53 нови случаи позитивни на Ковид-19

53 нови случаи позитивни на Ковид-19

Апр 04, 2020 Вести

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. По градови: Скопје ...

Костадинов: Во ова тешко време, мора да бидеме хумани и солидарни

Костадинов: Во ова тешко време, мора да бидеме хумани и соли…

Апр 04, 2020 Вести

Портпаролот на СДСМ и до неодамна пратеник, Костадин Костадинов, кој е дел од волонтерскиот тим на Општина Струмица, вели дека во ова тешко време, мор...

Семејството Заеви донира прехранбени пакети за сиромашни семејства, а ќе се делат преку Општинскиот штаб за заштита и спасување

Семејството Заеви донира прехранбени пакети за сиромашни сем…

Апр 04, 2020 Вести

Големи колични на хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за социјално загрозени семејства обезбеди семејството на поранешниот премиер, Зор...

Пазарите во Струмица утре (сабота) ќе работат до 14:00 часот

Пазарите во Струмица утре (сабота) ќе работат до 14:00 часот

Апр 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува сите граѓани дека утре, (сабота, 4 април), сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклу...

ЕВН Македонија донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали

ЕВН Македонија донира 200.000 евра за медицинска опрема и ма…

Апр 03, 2020 Вести

ЕВН Македонија донира 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен сист...

СВР Струмица до Јавното обвинителство пријави 27 лица за прекршување на забраната за движење

СВР Струмица до Јавното обвинителство пријави 27 лица за пре…

Апр 03, 2020 Вести

СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе 35 кривични пријави против 36 лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, од к...

Уште двајца пациенти починаа од коронавирус, денеска 46 нови случаи

Уште двајца пациенти починаа од коронавирус, денеска 46 нови…

Апр 03, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст о...