Голем успех на одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ на Светското првенство во Хрватска

Сабота, 06 Април 2019

Одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец" од Струмица, на последниот ден и натпревар на Светското првенство во ддбојка за основни училишта во Пореч, Хрватска, со одлична игра ја победи со 2:1 во сетови фаворизираната домашна екипа од Хрватска, Осијек и го освои 7-то место на Светското првенство.

Во првиот сет се водеше израмнета игра со континуирано мимимално водство 1-2 поени на струмичките одбојкарки и така беше до 22:22. Со сервисот на Велева, струмичанките поведоа со 24:22, за потоа со по една промена на сервисот да дојде до конечните 25:22 и водство во сетови.

Во вториот сет, падна приемот на сервисот и играта во одбрана кај струмичките одбојкарки, што резултираше со убедливо 25:13, губење на сетот и израмнување 1:1 во сетови.

Во третиот тајбрек сет, одбојкарките на „Видое Подгорец“ заиграа многу подобро и посигурни и од почетокот го презедоа водството до 2:0 и 5:2 за со предност од 8:5 ги сменија страните.

Девојките од Струмица во втората половина на завршниот сет заиграа уште подобро и предводени од одличните Недева и Пакетова ја зголемија предноста на 12:8 и со убедливи 15:9 сосема заслужено славеа победа со 2:1 во сетови, за голема радост на младите струмички одбојкарки и нивните наставници и водачи Зоран Спасов и Горан Иванчев, како и директорот Леонид Танчев, за остварената победа и освоеното одлично 7-мо место на Светското првенство.

Инаку тоа беше прво Светско првенство во одбојка за основни училишта. На него учествуваа 16 екипи во машка и женска конкуренција од исто толку држави.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...