Се играше и навиваше спортски покрај езерцето во паркот, играше и премиерот Заев

Сабота, 06 Април 2019

Во Струмица покрај езерцето во големиот Градски парк денеска беше одбележан Меѓународниот ден на спортот за развој и мир.

Повеќе од 500 млади спортисти, членови на струмичките спортски клубови, играа фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, спортски игри. Играа и децата со попреченост и тие беа дел од оваа одбележување. Топки фаќаше и премиерот Зоран Заев, симболично на кратко, без кош заигра кошарка, со девојките, со момчињата, играше и одбојка со шампионите на Македонија, ОК „ЏИО Струмица“.

Насмеаните лица на децата, на родителите, на спортистите покажаа дека спортско-рекреативните активности се многу важни за развојот на општеството и ги учат децата од мали нозе да го почитуваат пријателството, различните припадности и фер однесувањето и ги учи на универзалниот јазик на мирот и соработката.  

„Од исклучителна важност е спортот и физичките активности за секое општество. Затоа ги промовираме и поддржуваме политиките со кои ќе се зголеми бројот на граѓани, од сите возрасти, социјални групи и средини, кои секојдневно го применуваат спортот и спортско-рекреативните активности. Приоритет ставаме на создавањето квалитетен систем на спорт во училиштата. Нашата цел е да го зголемиме процентот на граѓани кои спортуваат од сегашните 2% од населението на 20%, кои ќе бидат опфатени во спортот за сите“ - кажа премиерот Заев, потенцирајќи дека преку моделот на училиштен спорт, се планира зголемување на бројот на ученици кои спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000, во основното и во средното образование.

Премиерот Заев истакна дека спортот  е силна алатка и за јакнење на заедниците, го  промовира „фер-плејот“ и еднаквоста и силно се бори против расизмот и омразата и ги повика младите, нивните родители и сите граѓани на нашата земја, да бидат активни учесници во спортот, да ги поттикнуваат децата да спортуваат, а со тоа да бидат и општествено одговорни, важни за креирањето на развојот и мирот.

„Ги поддржавме сите активности на лицата со попречености, сé со цел нивна дополнителна интеграција во спортот и секојдневието”, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека бројните успеси и медали освоени на специјалните олимписки игри и на другите меѓународни натпревари за лица со посебни потреби покажуваат дека сето тоа носи резултати.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2020 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

Исчезна 16-годишно девојче од Висока Маала

Исчезна 16-годишно девојче од Висока Маала

Јан 18, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа во доцните часови е пријавено дека од својот дом се оддалечила Ѓ.Р. (16 години) од село Висока Маала, општина Васил...

ФК „Беласица“ се засили со тројца нови играчи

ФК „Беласица“ се засили со тројца нови играчи

Јан 17, 2020 Вести

ФК „Беласица“ од Струмица официјално се засили со тројца нови играчи во својот состав за вториот дел од сезоната. Роберт Митев доаѓа од ФК „Тиквеш“. ...

Во Струмица се одржа годишна AVON Конференција

Во Струмица се одржа годишна AVON Конференција

Јан 17, 2020 Магазин

Синоќа во хотелот „Вила Парк“ во Струмица, АVON  одржа годишна Конференција за зона 5, која годинава беше одбележана под слоганот „15 години AVON Маке...

Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе за неговото лекување

Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе…

Јан 17, 2020 Вести

Поранешниот фудбалер на фудбалските клубови „Беласица“, „Брегалница“, „Хоризонт Турново“, „Силекс“ и неколку други македонски клубови, Томе Јанев од С...

Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостителските објекти

Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостит…

Јан 17, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи од Струмица во претстојниот период ќе презема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето порад...