Костадин Георгиев државен првак во традиционално карате, струмичкиот клуб „Шихан“ со 18 медали

Понеделник, 15 Април 2019

Костадин Георгиев од Карате клубот „Шихан“ Струмица е државен првак на 51-от МТКФ Државен шампионат во традиционално карате што се одржа вчера во Будо Центарот „Недеви“ во Скопје.

Каратистите на „Шихан“ освоија дури 18 награди на оваа државно првенство. Четири златни медали, пет сребрени и девет бронзени медали.

Во категоријата сениори/јуниори – „кого кумите“, зад Георгиев е Самед Есадов, кој го освои и првото место во категоријата сениори/јуниори – „кумите“.

Кај кадетите 14-15 години, категорија „кого кумите“, Кирил Ичков од КК „Шихан“ го освои третото место. Кај кадетките во оваа категорија Снежана Пеливанова го освои сребрениот медал, односно второто место.

Кај децата на возраст 12-13 години (машки) во категорија „џиу ипон кумите“, златен медал за Максим Илиев, а брозен медал за Панче Шарламанов. Максим Илиев го освои првото место и во категоријата „кихон“, а Панче Шарламанов второто место.

Кај девојките на возраст 12-13 години во категорија „џиу ипон кумите“, второ место за Александра Стојановска, а третото го поделија Невена Малинова и Радица Кецева од овој струмички карате клуб. Александра беше втора и во категорија „кихон“, додека Невена се закити со бронзениот медал.

Кај децата на возраст 10-11 години (машки) во категорија „џиу ипон кумите“, Ристе Тодоров го освои второто место, а Јаков Серафимов третото место. Во категоријата „кихон“, на оваа возраст, Блаже Николов го освои второто место, а Серафимов и во оваа категорија го освои третото место.

Во категорија „кихон кумите“, деца на возраст 8-9 години (машки), Филип Пасков од КК „Шихан“ го освои третото место, а трет е и во категоријата „кихон“.

По овој голем успех, тренерот Атанас Василев од КК „Шихан“, вели дека членовите веќе се подготвуваат и за Европскиот КУП кој ќе се одржи во Скопје на 4 и 5 мај.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

Сеп 23, 2019 Вести

Денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На мест...

Изгоре куќа во селото Дражево

Изгоре куќа во селото Дражево

Сеп 22, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вечерва околу 19:00 часот интервенирале во гасење пожар на запалена стара куќа во селото Драже...

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Сеп 22, 2019 Вести

Од 11 до 13 октомври ќе се одржи уште еден гурмански викенд во Радовиш. Струмичаните Горан и Ленче со групата Јупитер ќе настапат на затворањето на ма...

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на струмичкото СДСМ

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на…

Сеп 22, 2019 Вести

Во организација на Општинската организација на СДСМ од Струмица денеска беше реализирана еко-акција за чистење на просторот помеѓу стадионот „Благој И...

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија преку меѓународната размена „АгроМлади“ во Струмица

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрв…

Сеп 22, 2019 Вести

Од 14-ти септември до денеска, Струмица беше домаќин на третата меѓународна размена под име „АгроМлади - Трето издание“. Група од 35 млади од 7 европ...

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Сеп 22, 2019 Вести

Синоќа во 01:15 часот полициски службеници од СВР Струмица го привеле 39-годишниот В.И. од село Добрејци, поради тоа што физички нападнал двајца полиц...

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Илија Караманов 2019“

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Или…

Сеп 21, 2019 Вести

Млади одбојкарки од Македонија, Словачка и Србија, денеска и утре учествуваат на првиот Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, ...

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во Македонската Филхармонија

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во…

Сеп 21, 2019 Вести

Македонскиот баритон со светска кариера од Струмица, Васил Гарванлиев, кој почна да гради кариера и во водите на македонската поп музика, синоќа во Ма...