На денешен ден е роден познатиот струмички писател и новинар Бранко Бјадов

Вторник, 16 Април 2019

Доколку беше жив денеска ќе полнеше 80 години, познатиот струмички писател и новинар Бранко Бјадов, кој почина на 30 декември 2006 година.

Бранко Бјадов е роден 1939 година во Струмица каде што завршил основно училиште и гимназија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на групата Југословенска книжевност со македонски јазик. Бил професор по македонски јазик и директор во Трговското училиште „Цветан Димов“ во Струмица. Долги години бил директор и главен уредник на Радио Струмица и на „Струмички весник“. Работел како новинар-уредник во Радио Телевизија Струмица се до неговото пензионирање.

Во 2003 година е назначен за претседател на Здружението на дијабетичарите, каде што активно работи сè до неговата смрт во 2006 година. Поезија и проза објавувал во повеќе весници и списанија. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Бил учесник на „Струшките вечери на поезијата“.

Неколку песни му се преведени на англиски, француски, руски и ерменски јазик. Автор е на четири книжевни објави, од кои две се поетски: „Птица во сонот“ (1986), и „Гласот на птицата“, драмата „Свештениот огин“ (1996) и збирката раскази „Кучешка зима“ (2003). Автор е на две дела што не успеа да доживее да ги објави: „Молитвен дом“, објавена 2015 година , а на објавување чека и збирката раскази „Жолтото училиште“. Присутни се и неколку драми и мноштво песни и раскази што не успеал да ги редактира. Убаво и корисно четиво би биле и неговите лирски репортажи што ги пишуваше за емисијата „Наша репортажа“ на Радио Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...