Испечатете ја страната

На денешен ден е роден познатиот струмички писател и новинар Бранко Бјадов

Вторник, 16 Април 2019

Доколку беше жив денеска ќе полнеше 80 години, познатиот струмички писател и новинар Бранко Бјадов, кој почина на 30 декември 2006 година.

Бранко Бјадов е роден 1939 година во Струмица каде што завршил основно училиште и гимназија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на групата Југословенска книжевност со македонски јазик. Бил професор по македонски јазик и директор во Трговското училиште „Цветан Димов“ во Струмица. Долги години бил директор и главен уредник на Радио Струмица и на „Струмички весник“. Работел како новинар-уредник во Радио Телевизија Струмица се до неговото пензионирање.

Во 2003 година е назначен за претседател на Здружението на дијабетичарите, каде што активно работи сè до неговата смрт во 2006 година. Поезија и проза објавувал во повеќе весници и списанија. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Бил учесник на „Струшките вечери на поезијата“.

Неколку песни му се преведени на англиски, француски, руски и ерменски јазик. Автор е на четири книжевни објави, од кои две се поетски: „Птица во сонот“ (1986), и „Гласот на птицата“, драмата „Свештениот огин“ (1996) и збирката раскази „Кучешка зима“ (2003). Автор е на две дела што не успеа да доживее да ги објави: „Молитвен дом“, објавена 2015 година , а на објавување чека и збирката раскази „Жолтото училиште“. Присутни се и неколку драми и мноштво песни и раскази што не успеал да ги редактира. Убаво и корисно четиво би биле и неговите лирски репортажи што ги пишуваше за емисијата „Наша репортажа“ на Радио Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„AVON“ во Струмица со презентација на новите палети на сенки „AVON Mark Playbook

„AVON“ во Струмица со презентација на новите палети на сенки…

Ное 19, 2019 Маркетинг

Утре (среда, 20 ноември), од 11:00 до 15:00 часот во кафе барот „Concept“ во Струмица „AVON“ ќе одржи презентација на новите палети на сенки „AVON Mar...

СЕММ во Струмица дебатираше со медиумите и невладините за непрофесионално и необјективно известување

СЕММ во Струмица дебатираше со медиумите и невладините за не…

Ное 19, 2019 Вести

„Ако судиме по бројот на пријавени случаи на неетичко известување до Советот за етика во медиумите, јасна е пораката од јавноста дека медиумската само...

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците распродадени

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците расп…

Ное 19, 2019 Вести

Нема влезници за двете закажани премиери во среда и четврток на комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов, ре...

„Комуналец“ го отстранува отпадот од дивите депонии кај Банско и Муртино

„Комуналец“ го отстранува отпадот од дивите депонии кај Банс…

Ное 19, 2019 Вести

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица деновиве ги отстрануваат дивите депонии создадени во близина на населени места во општина Струмица. Со механиза...

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

Ное 18, 2019 Магазин

Познатиот вокален солист од Струмица, професорот од Музичкото училиште „Боро Џони“, Игор Ангелов е дел од балканското музичко ТВ шоу „Никад није касно...

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок изменет сообраќаен режим

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок измен…

Ное 18, 2019 Вести

На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Гео...

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за непрофесионално и необјективно известување

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за …

Ное 18, 2019 Вести

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), утре (вторник, 19 ноември), со почеток во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“ во Струмица организира...

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Ное 18, 2019 Вести

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р. (37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за обид за силување. „Вчера во раните утрински ча...