Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава, во Струмица двајца заразени, но со лесна клиничка слика

Вторник, 16 Април 2019

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска донесе одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на територијата на целата земја, откако минатата недела беа регистрирани над 120 заболени, од кои над 60 отсто се надвор од Скопје. Од почетокот на епидемијата, која прво беше прогласена во Скопје на почетокот на годината, до минатата недела регистрирани се 961 заболен, а починаа три лица.

Епидемиологот Владимир Микиќ, член на Комисијата за заразни болести, рече дека прогласувањето на епидемијата е неопходно за да се спроведат дополнителни мерки за заштита на населението и за намалување на бројот на новозаболени.

Според информацијата од Центарот за јавно здравје во Струмица, во периодот од 11 април до денеска, во Одделението за инфективни болести при ЈЗУ „Општа болница“ Струмица се евидентирани две лица кои се заразени со мали сипаници и едно бебе кое е пратено на Клиниката за инфективни болести во Скопје, но и тројцата се со лесна клиничка слика. Од таму за Радио СтрумицаНет информираат дека овие пациенти не се заразени во Струмица, болеста ја добиле во Скопје.

Комисијата за заразни болести ги донесе следниве мерки за спречување на натамошно ширење на болеста:

  • Строго почитување на забраната за посета на градинки на деца невакцинирани со МРП.
  • Забрана за посети во стационарни здравствени установи.
  • Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници, со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и на Клиниката за детски болести и да се намали стапката на интрахоспитално ширење на инфекцијата.
  • Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП.
    На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери вакциналниот статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани.
  • Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14 години.
  • Двапати неделно да се организира работа во две смени на службите за вакцинација во рамките на здравствените домови во целата држава, за да бидат достапни за вакцинација на децата.
  • Службите за вакцинација на неделно ниво да доставуваат податоци до ДСЗИ за деца кои не се јавиле на доставените покани за вакцинација.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Јул 16, 2019 Вести

Вечерва во 21 часот и 17 минути почуствуван е земјотрес во Струмица, кој според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Ско...

На 24 јули во Струмичкиот регион ќе се изврши повторно прскање против комарци

На 24 јули во Струмичкиот регион ќе се изврши повторно прска…

Јул 16, 2019 Вести

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа г...

Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартиновски

Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартин…

Јул 15, 2019 Вести

Вечерва во прекрасниот амбиент кај езерцето во големиот Градски парк во Струмица, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ се одржа традиционалната...

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија, во октомври за прв пат и на „Макфест“

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија…

Јул 15, 2019 Магазин

Прекрасниот вокал од Струмица, момчето кое го воодушевуваше Балканот за време на неговото учество на „Пинковите ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев, настапи на...

За шест часа струмичката полиција казни 56 возачи за брзо возење

За шест часа струмичката полиција казни 56 возачи за брзо во…

Јул 15, 2019 Вести

Полициски служебници на СВР Струмица, вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот спровеле акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила...

ФОТО: Чисти и дезинфекцирани контејнери

ФОТО: Чисти и дезинфекцирани контејнери

Јул 15, 2019 Вести

Викендот екипи од ЈПКД „Комуналец” извршија поправка и дезинфекција на контејнерите за отпад во градот Струмица. Од комуналното претпријатие велат де...

Вечерва поезија со Владимир Мартиновски покрај езерцето во паркот

Вечерва поезија со Владимир Мартиновски покрај езерцето во п…

Јул 15, 2019 Вести

Вечерва во Струмица, со почеток од 21:00 часот, покрај езерцето во големиот Градски парк ќе се одржи традиционалната „Вечер на поезија“ од програмата ...

Од денеска стартува кампањата „Твоето незнаење чини живот“ за бесплатни курсеви на возачите

Од денеска стартува кампањата „Твоето незнаење чини живот“ з…

Јул 15, 2019 Вести

Црвениот крст на Македонија бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош. Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за ...