Пендаровски води во Струмица, Силјановска во Василево, Босилово и Ново Село

Недела, 21 Април 2019

Според информациите од Општинските изборни комисии, во општина Струмица од обработени 58 од вкупно 83 гласачки места или скоро 70% од пребројаните гласови, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски освоил 7.832 гласови или 54,48%, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 5.905 гласови или 41,07%, додека кандидатот на Алијансата на Албанците, Блерим Река добил 109 гласови од струмичани или 0,76%.

Во општина Василево се обработени сите 19 избирачки места и таму Силјановска води со 2.487 гласови или 51,38%, Пендаровски освоил 2.216 гласови или 45,79%, додека Река освоил 37 гласови или 0,76%.

И во општина Босилово од 100% обработени податоци води Силјановска со 2.935 гласови или 53,44%, додека Пендаровски освоил 2.392 гласови или 43,55%. Река освоил само 22 гласови, односно 0,40% од излезените граѓани.

Во општина Ново Село до овој момент обработени се само 5 избирачки места од вкупно 20, или само 25%. Од обработените, Силјановска освоила 51,27% или 362 гласови, Пендаровски освоил 45,18%, или 319 гласови, а Река таму освоил 8 гласови или 1,13%.

Општинската изборна комисија на општина Ново Село бавно оди и со пребројувањето на гласовите за градоначалник на општина Ново Село. До сега се обработени само 6 од 20 избирачки места. Води кандидатот на СДСМ, Никола Андонов со освоени 54,87% или 259 гласови, а Николчо Стоилков, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ освоил 42,37% или 200 гласови во шесте гласачки места.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, надеж и љубов, лица со попреченост настапија на првиот музички хепенинг

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, над…

Фев 17, 2020 Магазин

Полна сала со народ, дојдоа да ги храбрат 12-мината млади лица, кои иако со попреченост покажаа дека нема место за било какви препреки во нашето опште...

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Фабрика за производство на мебел од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C. машина. Подетални и...

„ЏИО Струмица“ го победи лидерот во албанското одбојкарско првенство „Ерзени Шијак“

„ЏИО Струмица“ го победи лидерот во албанското одбојкарско п…

Фев 17, 2020 Вести

Во сабота и недела одбојкарите на Струмица беа домаќини на најдобрата албанска одбојкарска екипа „Ерзени Шијак“ од Драч, со која одиграа два пријателс...

Се распушти Собранието, на 12 април ќе избираме нови пратеници, во Струмица веќе кружат имиња за можни кандидати за пратеници

Се распушти Собранието, на 12 април ќе избираме нови пратени…

Фев 16, 2020 Вести

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани, Собранието на Република Северна Македонија се распушти, што значи дека предвремените Парламентарни избори...

Во Струмица фудбалерите на „Академија Пандев“ загубија од „Шкендија“ со 1:2

Во Струмица фудбалерите на „Академија Пандев“ загубија од „Ш…

Фев 16, 2020 Вести

Фудбалерите на „Академија Пандев“ загубија од „Шкендија“ со 1:2, иако први дојдоа до водство на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. „Пандевци“ по...

Денеска на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица повторно дуел меѓу „Академија Пандев“ и „Шкендија“

Денеска на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица повторно д…

Фев 16, 2020 Вести

Денеска на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица повторно дуел меѓу „Академија Пандев“ и „Шкендија“. Дербито од 19-то коло или пролетниот дел започну...