Џамбо Агушев номиниран за наградата „Европејци на годината“

Четврток, 25 Април 2019

Делегацијата на Европската унија во Македонија за прв пат организира избор за „Европејци на годината“.

Меѓу петте номинирани кандидати кои оставаат печат со својата работа и кои Делегацијата на ЕУ смета дека се одлика на Европските вредности, е и кралот на трубата од Струмица, Џамбо Агушев.

„Џамбо Агушев потекнува од семејство со долга и значајна музичка традиција и го сметаат за крал на трубата и музички амбасадор на Македонија во светот. Неговиот оркестар виртуозно изведува музика која се дефинира како фузија на традиционалната музика од Балканот со примеси на свинг, џез, поп и филмска музика“ – стои во образложението за номинирањето на Џамбо.

Покрај Џамбо номинирани за наградата „Европејци на годината“ се и Дритон Вејсели, познат како Талат - ликот на рецепционерот од популарната ТВ серија „Преспав“, документарниот филм „Honeyland“, троен добитник на награда на „Sundance“ фестивалот, бизнис центарот за креативност и неформално образование „Creative Hub“ и Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

Гласањето започнува на 27 април и ќе трае до 5 мај 2019 година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...