Христос Воскресна! Честит Велигден!

Недела, 28 Април 2019

Православните и католичките верници од Струмица го започнаа славењето на Христовото воскресение, најголемиот и најрадосниот празник, кој според христијанското учење ја симболизира победата на животот над смртта.

На полноќ, во Струмица, веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците на богослужби што се одржаа во црквите „Св. Григориј Палама и Димитриј“, „Свети Петнаесет“ и „Свети Кирил и Методиј“ на Македонската Православна Црква и во Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“.

Христовото воскресение верниците го дочекаа со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење со велигденски јајца и со традиционалниот поздрав Христос воскресна - Навистина воскресна.

Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување и ја докажал божествената моќ.

Велигден е главен Христијански празник, прв и најстар од сите христијански празници, основа на христијанската црковна година.

За Велигден се вапсуваат црвени јајца кои Христијаните меѓусебно си ги подаруваат честитајќи си го празникот. Црвената боја е симбол на радоста, а јајцето симбол на животот. Како што од јајцето се раѓа живот, така Исус воскресна од гробот.

На Велигден Христијаните се поздравуваат со зборовите: „Христос Воскресна – Навистина Воскресна“.

ФОТОГАЛЕРИЈА >>> од Православната Црква „Св. Григориј Палама и Димитриј“

ФОТОГАЛЕРИЈА >>> од Католичката Црква „Успение на Пресвета Богородица“

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Северина од Струмица: Чувајте ми ја Македонија

Северина од Струмица: Чувајте ми ја Македонија

Авг 18, 2019 Магазин

„Чувајте ми ја Македонија“. Вака го заврши двочасовниот концерт на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ хрватската дива Северина која ја вжешти атмосферата н...

Повреден тракторист во сообраќајка кај Сушица

Повреден тракторист во сообраќајка кај Сушица

Авг 18, 2019 Вести

На магистралниот пат Струмица - Ново Село, на местото викано „Сушичко стопанство“, вчера се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „Волво“, управу...

Детали за повредените во сообраќајката кај Костурино, патниот правец Струмица – Валандово е пуштен за сообраќај

Детали за повредените во сообраќајката кај Костурино, патнио…

Авг 18, 2019 Вести

Три лица се донесени во болницата во Струмица по сообраќајната незгода која се случила денеска во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово, пред влез...

Сообраќајка кај Костурино, три лица донесени во болницата, патот Струмица – Валандово во прекин

Сообраќајка кај Костурино, три лица донесени во болницата, п…

Авг 18, 2019 Вести

Денеска околу 11:00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, кај селото Костурино се случил директен судир помеѓу два автомобили, според очевид...

Љупче Дориев од „Академија Пандев“ најскап фудбалер во македонското првенство

Љупче Дориев од „Академија Пандев“ најскап фудбалер во макед…

Авг 17, 2019 Вести

Според „Трансфермаркт“, официјалниот сајт каде се вреднуваат фудбалерите по нивните настапи, Љупче Дориев од ФК „Академија Пандев“ од Струмица е еден ...

Кој ќе пее вечерва на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“

Кој ќе пее вечерва на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“

Авг 17, 2019 Магазин

Од 21:00 часот започнува втората финална вечер од 8-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал“. Прв ќе настапи Дарио со едночасовен концерт, а по него во ...

ФОТО: Северина дојде во Скопје, доцна попладне е во Струмица

ФОТО: Северина дојде во Скопје, доцна попладне е во Струмица

Авг 17, 2019 Магазин

Балканската мега ѕвезда од Хрватска, Северина Вучковиќ пристигна во Скопје. Облечена во црвена латино сукња и ретро кошула од 50-тите, црно-бела комби...

Повредена 27-годишна жена на мопед, во сообраќајна незгода во Струмица

Повредена 27-годишна жена на мопед, во сообраќајна незгода в…

Авг 17, 2019 Вести

Вчера во 15:30 часот се случила сообраќајна незгода во Струмица на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Климент Охридски“, помеѓу патнич...