ФОТО: Објавено Христовото Воскреснување и меѓу Македонците во Брисел

Недела, 28 Април 2019

Големиот христијански празник Велигден свечено беше одбележан и меѓу Македонците во Брисел, Белгија. За верниците беше отстапена големата катедрала Сант Мишел.

На Божествената Златоустова Литургија чиноначалствуваше протојереј Боро Милчев од Струмица, од МПЦ-ОА, присуствуваа голем број македонски верници кои живеат и работат не само во Брисел, туку и во другите делови на Белгија, чија што проповед беше голема наслада за душите на верниците. Благовестеше Отецот за Господа Христа, за Неговото вочовечување заради нашите гревови, за нашата падната природа со надеж сите да успее да нé врати во крилото Аврамово, во рајските населби, за денот на Воскресението Христово – Велигден, како најголем христијански празник, како најсветол ден, темел на нашата вера православна.

На службата и објавувањето на веста за Христовото воскресение присуствуваа и повеќе претставници од дипломатските претставништва на ЕУ во Брисел.

Во својата Велигденска беседа протоереј Боро Милчев порача дека Македонците во овие судбоносни денови, особено нашинците ширум светот треба да бидат заедно и сплотени како никогаш досега и со голема љубов да ја негуваат и чуваат својата вера.

Протојереј Боро Милчев пред верниците го промовираше единаесетиот том од едицијата „Житија на Светиите“ за месец ноември, а му беше доделена благодарница на Зоран Петковски за особеното залагање и доприност за црковната општина Свети Пророк Илија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

Јун 19, 2019 Веб Билборд

Центарот за убавина „ПРЕСТИЖ“ од Струмица бара фризер/ка и козметичар/ка. Доколку имаш солидно познавање во овие области, не двоуми се да ги контактир...

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Јун 19, 2019 Вести

Од 1 јули, почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија старто...

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Јун 19, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ информира дека вториот ден од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од 19:00 часот ќе биде во спортската сала „Пар...

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион „Фридрихсхафен“

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион…

Јун 19, 2019 Вести

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев од Струмица, потпиша едногодишен договор со германскиот вицешампион „Фридрихсхафе...

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и медал од Тито

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и …

Јун 19, 2019 Вести

76-годишниот Симеон Николов од Струмица е рекордер во дарување крв. Од 1964 година до 1999 година 160 пати дарувал крв, според неговата евиденција, сп...

628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, најголем интерес за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“

628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, …

Јун 19, 2019 Вести

Во изминатите два дена се реализира уписот во прва година на територијата на целата држава. Во првиот упис за полуматурантите во трите средни општинск...

Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за мајстори

Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за…

Јун 19, 2019 Вести

Од Струмица ќе започнува примената на Законот за пробација, која овозможува стекнување вештини и знаења кај затворениците за да можат полесно да се вк...

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителството

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителството

Јун 18, 2019 Вести

Во присуство на претставници од општините од Струмичкиот регион, крводарители, претставници на јавни установи, Општинската организација на Црвениот кр...