Во Струмица доаѓаат подмладоците на кошаркарските клубови „Партизан“, „Цедевита“, „Будуќност“…

Среда, 08 Мај 2019

На 10, 11 и 12 мај, Струмица ќе биде домаќин на првиот Интернационален кошаркарски турнир за кошаркари родени 2005-та и помлади, „Кошарка без граници 2019“, во организација на Кошаркарскиот клуб „Струмица“.

Подмладокот на моќните кошаркарски клубови од поранешните ЈУ простори, КК „Партизан“ од Белград, Србија, КК „Цедевита“ од Загреб, Хрватска, КК „Будуќност“ од Подгорица, Црна Гора, КК „Златорог Лашко“ од Словенија, КК „Спарс“, од Сараево, Босна и Херцеговина, како и домаќините КК „Струмица“ ќе учествуваат на овој турнир.

„Овој турнир ќе биде можност и за нашите деца кошаркари од Струмица, родени 2005-та и помлади, да ги видат своите можности, односно да се види до кое ниво сме дојдени во моментот, бидејќи се работи за еминентни екипи коишто имаат одлични млади селекции“ – вели еден од организаторите на овој турнир, Златко Зетов од КК „Струмица“, упатувајќи јавна покана до сите љубители на кошарката да бидат дел од „Кошарка без граници“, кој ќе се одржува во Спортската сала на СОУ „Никола Карев“ во Струмица.

Инаку, шестте екипи ќе бидат поделени во две групи од по три, во кои младите кошаркари ќе играат секој со секој во групата, по што првопласираните од двете групи ќе играат за победничкиот трофеј.

Свеченото отворање е во петок во 18:00 часот, по што следува првиот натпревар помеѓу КК „Партизан“ и домаќините КК „Струмица“.

Преку овој турниор организаторите сакат да градат кошаркарски мостови на соработка помеѓу клубовите и младите од поранешните ЈУ простори, но и да се стекнат со нови спортски пријателства преку кошаркарската игра.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

Јун 19, 2019 Веб Билборд

Центарот за убавина „ПРЕСТИЖ“ од Струмица бара фризер/ка и козметичар/ка. Доколку имаш солидно познавање во овие области, не двоуми се да ги контактир...

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Јун 19, 2019 Вести

Од 1 јули, почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија старто...

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Јун 19, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ информира дека вториот ден од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од 19:00 часот ќе биде во спортската сала „Пар...

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион „Фридрихсхафен“

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион…

Јун 19, 2019 Вести

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев од Струмица, потпиша едногодишен договор со германскиот вицешампион „Фридрихсхафе...

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и медал од Тито

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и …

Јун 19, 2019 Вести

76-годишниот Симеон Николов од Струмица е рекордер во дарување крв. Од 1964 година до 1999 година 160 пати дарувал крв, според неговата евиденција, сп...

628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, најголем интерес за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“

628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, …

Јун 19, 2019 Вести

Во изминатите два дена се реализира уписот во прва година на територијата на целата држава. Во првиот упис за полуматурантите во трите средни општинск...

Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за мајстори

Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за…

Јун 19, 2019 Вести

Од Струмица ќе започнува примената на Законот за пробација, која овозможува стекнување вештини и знаења кај затворениците за да можат полесно да се вк...

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителството

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителството

Јун 18, 2019 Вести

Во присуство на претставници од општините од Струмичкиот регион, крводарители, претставници на јавни установи, Општинската организација на Црвениот кр...