Струмичките матуранти во исто време танцуваа со своите врсници од Европа

Петок, 17 Мај 2019

Денеска точно напладне во 70 градови од Југоисточна Европа, околу 30.000 матуранти синхронизирано танцуваа по нотите на танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”. Дел од нив беа и матурантите од трите средни училишта во Струмица.

Пред почетокот на Матурскиот бал, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, на матурантите им посака успешно понатамошно чекорење во животот.

„Овој петок, овој 17-ти мај е ваш ден, ден кој вечно ќе го носите во вашите најубави животни спомени. Овој матурски бал не е привилегија на сите матуранти од земјава и Европа, туку само на тие кои се дел од градовите – учесници на оваа прекрасна традиционална манифестација. За среќа, Струмица безмалку цела една деценија пулсира со мајскиот ритам на музиката од Јохан Штраус, која е создадена за танцување. Танцувајте и Вие со вашите врсници од неколку градови од нашата татковина и од немал број европски земји и бидете горди што сте дел од оваа преубава несекојдневна приказна. Нека ве понесе „магијата“ на овој за вас свечен чин и нека на најубав можен начин биде одбележан вашиот „испит на зрелоста“, рече Јаневски.

И самата манифестација годинава го слави своето полнолетство, која има исто толку години како и годинашниве матуранти. Првата „матурска парада“ се случила во Љубљана во 2001 година, денес таа полни 18 години.

Веднаш по манифестацијата, млади волонтери од ОО на Црвен крст во Струмица со перформанс на жртви на трговија со луѓе, упатувајќи порака за последиците од најбрзо растечката форма на меѓународен криминал, а на матурантите им поделија и флаери со мотото „Не си фраер ако загинеш на матура“, како дел од кампањата за подигнување на сообраќајната култура и безбедност на матурантите што ја спроведува Отсекот за превенција при СВР Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...