Со почесен круг и вклучени сирени, показна вежба со нова опрема ТППЕ од Струмица го одбележа Денот на пожарникарите

Понеделник, 20 Мај 2019

Со почесен круг и вклучени сирени низ улиците на Струмица, демострација на показна вежба со нова опрема за побрзо извлекување на заглавени во возило по сообраќајна несреќа, вредна 25.000 евра, донација од Владата на Република Северна Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување, припадниците на Противпожарната единица на Струмица, денеска го одбележаа Денот на пожарникарите 20-ти мај.

„Целиот град гледа во вас, вие сте идоли на многу млади и стари генерации. Сакам да имате добро здравје и да бидете во добра форма, нашата безбедност во голем дел зависи од вас и јас ви ја изразувам цела моја благодарност за вашата несебична посветеност во чувањето на безбедноста на нашиот град од несакани пожари“ – им рече градоначалникот Коста Јаневски на струмичките пожарникари.

Струмичките пожарникари со години работат со дотраена опрема и лоша опрема за лична заштита, ги ризикуваат своите животи, а им се кратат платите и не им се плаќат во целост дотациите што им следуваат, добиваат многу помали надоместоци, за разлика од нивните колеги од другите градови.

Градоначалникот Јаневски им рече дека во Општина Струмица имат соработник, дека тие се нивни партнери и заеднички треба да се изборат за сите нивни права.

„Ве поддржувам во вашите акции, желби и настојувања и ќе се обидеме со сите можни сили да ја подобриме и опремата и вашата подготвеност за да одговорите на сите предизвици кои што претстојат пред вас“ – додаде Јаневски.

Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во своето обраќање ја потенцираше подготвеноста на единицата за сите видови интервенции.

„За илустрација на нашиот секојдневен ангажман зборува и бројката од 670 интервенции во периодот од 20 мај лани до денеска. Сето тоа ни дава за право да кажам дека ние сме подоготвени во секој момент да одговориме на задачите и успешно да ја извршуваме нашата мисија“ - рече комадирот Гудев, кој на локални и државни институции им додели плакети за успешна соработка. Плакети добија и пожарникари кои 30 години непрекинато работат во ТППЕ Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

„ПРЕСТИЖ“ бара фризер/ка и козметичар/ка

Јун 19, 2019 Веб Билборд

Центарот за убавина „ПРЕСТИЖ“ од Струмица бара фризер/ка и козметичар/ка. Доколку имаш солидно познавање во овие области, не двоуми се да ги контактир...

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Јун 19, 2019 Вести

Од 1 јули, почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија старто...

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Вечерва ќе вежбаме со Елена во „Партизан“, наместо во паркот

Јун 19, 2019 Вести

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ информира дека вториот ден од настанот „Вежбаме во парк заедно со Елена“, од 19:00 часот ќе биде во спортската сала „Пар...

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион „Фридрихсхафен“

Одбојкарот Никола Ѓоргиев потпиша на германскиот вицешампион…

Јун 19, 2019 Вести

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев од Струмица, потпиша едногодишен договор со германскиот вицешампион „Фридрихсхафе...

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и медал од Тито

Симеон Николов - рекордер со 160 пати дарување крв, добил и …

Јун 19, 2019 Вести

76-годишниот Симеон Николов од Струмица е рекордер во дарување крв. Од 1964 година до 1999 година 160 пати дарувал крв, според неговата евиденција, сп...

628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, најголем интерес за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“

628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, …

Јун 19, 2019 Вести

Во изминатите два дена се реализира уписот во прва година на територијата на целата држава. Во првиот упис за полуматурантите во трите средни општинск...

Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за мајстори

Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за…

Јун 19, 2019 Вести

Од Струмица ќе започнува примената на Законот за пробација, која овозможува стекнување вештини и знаења кај затворениците за да можат полесно да се вк...

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителството

Во Струмица одбележан Светскиот ден на крводарителството

Јун 18, 2019 Вести

Во присуство на претставници од општините од Струмичкиот регион, крводарители, претставници на јавни установи, Општинската организација на Црвениот кр...