ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

Понеделник, 20 Мај 2019

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во вода, ликови од цртани филмови, ги красат базените со отпадни води на оваа Пречистителна станица на ЈПКД „Комуналец“.

Станува збор за културно-уметнички проект „Уметност и вода - магија на животот“, имплементиран од Здружение за третман на води, а финансиран од Европската Унија.

Муралите и илустрациите на објектите ги создадоа уметниците Ване Костуранов, Драган-Драш Китановски, Марјан Димиќ, Филип Конески и Блаже Атанасков.

На денешната свеченост и презентирањето на оваа уметничко дело, покрај голем број гости присуствуваше и амбасадорот на Европската унија во земјава, Самуел Жбогар, истакнувајќи дека водата треба да се користи внимателно во време кога ја има се помалку во светот.

„За да ја издвоиме оваа фабрика од обичните одлучивме да ги обоиме ѕидовите. Овие прекрасни илустрации покажуваат што прави фабриката и колку е важно да ја одржуваме околината чиста. Од се срце сакам да им се заблагодарам на петте извонредни уметници, кои ни помогнаа да ја раскажеме оваа приказна“ - истакна евроамбасадорот Жбогар, најавувајќи дека приказната на ЕУ за заштита на животната средина продолжува овие денови со нова кампања наречена „За чисто како дома исто“.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски обраќајки се на свеченоста, рече дека општината е горда на Пречистителната станица, која е изградена со средства од ИПА фондовите и е прва во државата, со која што општина Струмица го решава проблемот со отпадните води.

„Како општина на која што заштитата на животната средина во овој современ начин на живеење и е приоритет, без двоумење ја прифативме партнерската понуда на Здружението за третман на води на Северна Македонија за реализација на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода - магија на животот“, финансиран од Европската Унија. И денеска сме навистина горди на делата од овој проект“ - рече градоначалникот Јаневски.

На денешната свеченост беа и голем број ученици од основните училишта во Струмица, тие таму направија своја изложба на цртежи што ги создадоа по повод Светскиот ден на водата 20 март, а на тема „Нацртај ја водата“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Водоча е пронајдена жената која беше пријавена за исчезната

Во Водоча е пронајдена жената која беше пријавена за исчезна…

Ное 16, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека на 15.11.2019 во Полициска станица Струмица, Д.А. (60) од село Дабиле пријавил дека од домот се одалечила неговата ќерка С...

Исчезната е 34-годишна струмичанка, полицијата ја бара

Исчезната е 34-годишна струмичанка, полицијата ја бара

Ное 15, 2019 Вести

Од утрово е исчезната 34-годишната струмичанка С.А. Според информациите од нејзиното семејство последен пат е видена околу 9 часот на плоштадот во Стр...

ИНТЕРВЈУ со Виолета Врешкова Накова, сопственичка на Струмичкиот бренд за здрава храна „ВИОНА“

ИНТЕРВЈУ со Виолета Врешкова Накова, сопственичка на Струмич…

Ное 15, 2019 Магазин

Првата специјализирана продавница за здрава и органска храна во Струмица - „ВИОНА“, која се наоѓа во зградата до Основниот суд, утре ја одбележува 6-т...

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот поради настанат дефект на водоводна цефка

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот поради…

Ное 15, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводна цефка, од утрово во прекин е водоснабдувањето на улицата „Елка Јанкова“ до по...

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени медали на Светскиот ученички куп во САД

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени м…

Ное 14, 2019 Вести

Ученици од струмичките средни училишта оваа недела по трет пат ја претставуваа Македонија на финалето од Светскиот ученички куп, кој се одржува на Уни...

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „Скај Плус“

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „С…

Ное 14, 2019 Вести

Средношколци, професори по македонски јазик и новинари од Струмица на синоќешната интерактивна средба се запознаа со идните активности кои ќе бидат кл...

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма и Дамјан

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма …

Ное 14, 2019 Вести

Традиционално во дворот на Струмичката болница, лекарите и медицинскиот персонал го одбележуваат празникот Св. Козма и Дамјан - вечните лекари на болн...

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера со трајни вредности

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера с…

Ное 13, 2019 Вести

Ретко се прави ваков јубилеј, во бракот се вели „златна свадба“, во естрадните води да бидеш 50 години е успешна кариера со трајни вредности. Перо Хри...