Испечатете ја страната

Утре во салата „Парк“ во Струмица – Голем хуманитарен концерт за Никола Новоселски од Муртино

Понеделник, 27 Мај 2019

Дел од македонската естрада, утре (вторник, 28 мај), во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе пејат на големиот Хуманитарен концерт за Никола Новоселски од Муртино, на кого му се потребни средства за продолжување на лекувањето во Москва, Русија.

На концертот ќе настапат Ленче и Горан Кукиќ, Сузана Гавазова, Благоја Груевски, Стојне Николова, Миле Кузмановски, Ѓоко Јовиќ, Марјан Коцев, Болеро Бенд, Тејзи, Енерџи Бенд, Дрим Тим и други пејачи и групи кои ќе пејат за да се соберат средствата за Новоселски.

Влезницата за концертот изнесува 200 денари и истите можат да се купат во „Разнопромет АС“, ресторанот „Play“, кафе баровите „19-ка“, „Голд кафе“, „Концепт кафе“ и на влезот во спортската сала „Парк“ на самиот концерт, кој е закажан во 20:00 часот.

Естрадните уметници повикаа на хуманост, донирање средства и присуство со цел да се подаде рака за Никола, кој 7 години се бори да стане од креветот за кој е врзан.

Никола Новоселски од струмичко Муртино на 27-годишна возраст доживува тешка сообраќајка по која останува инвалид. За него досега се организираа повеќе хуманитарни акции, по што тој замина на лекување и третмани во Русија. Со пресадување матични клетки и посебни вежби здраствената состојба на Никола се подобрува. Тој сега пак треба да оди во Русија, но фалат пари како за лекувањето така и за патот, бидејќи за него во авион мора да откупат 6 седишта за да може да биде легнат.

На Никола можете да му помогнете и преку донирање 100 денари од повик на броевите: 143-303 Телеком и 143-475 ВИП/ОНЕ

Средства може да се уплаќаат и на сметка на име:

Мара Новоселска Муртино бр. 103 Струмица, денарска сметка: 210-5016778434.84 НЛБ Банка

девизна сметка на име: Mara Novoselska IBAN CodeMK07210501677843484   SWIFT-TUTNMK22

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за…

Окт 16, 2019 Вести

Во Струмица и Радовиш започна третиот циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките...

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и фризерски услуги во Белград

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и…

Окт 16, 2019 Магазин

Центарот за убавина „Prestige“ од Струмица, кој постојано ги следи светски познатите саеми и обуки во областа на козметиката, викендот беше дел од меѓ...

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Окт 16, 2019 Вести

Денеска во холот на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, на повеќе штандови беше презентиран богат избор на храна, од солени и слатки специј...

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео спотови

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео сп…

Окт 15, 2019 Магазин

Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „БОЛЕРО“ со вокалниот солист Христијан Божинов Кико, деновиве со две нови песни, кои ги промовираа...

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струмичките брендови на компании во странство

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струми…

Окт 15, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска беше домаќин на голем број македонски дипломати  - почесни конзули, кои се акредитирани в...

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Окт 15, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводната линија од утринава е прекинато водоснабдувањето на улиците: „Партизанска“, ...

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

Окт 14, 2019 Вести

Земјотрес со јачина од 2.9 степени според Меркалиевата скала, е почуствуван вечерва во 21:40 часот на 8 километри северосточно од Ново Село со длабочи...

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-…

Окт 14, 2019 Магазин

SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање. Од најосновните јазици до најмодерните технологии кои се најчесто употребув...